Болшевичка декриминализација на хомосексуалноста – намерно или бил направен превид?

Со Октомвриска Револуција во Русија радикално се промени ситуација на хомосексуалците, како и на жените. Во 1922 година стапи во сила првиот Кривичен законик на Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република (РСФСР). Во 1918 год. сите стари царистички закони беа суспендирани и кога, по неколку години дебата, конечно се усвои новиот Устав, хомосексуалноста или „содомијата“ како што тогаш беше наречена, беше декриминализирана. Ова беше голем напредок за хомосексуалците, кои за време на Царот беа апсени и затворани на години робија или испраќани во логор.

Некои реакционерни историчари, со јасна намера за одбивање на признание за таквата напредна легислатива за болшевиците, тврдат дека ова било превид, а не свесна одлука. Ова тврдење не држи доколку внимателно се проучи донесувањето на Кривичниот Закон од 1922 год. којшто ќе покаже дека постоела дискусија и дебата за прашањето и свесна одлука за декриминализација на хомосексуалноста. Така беше се до 1933-34 кога сталинистичиот режим реши да ја рекриминализира хомосексуалноста и наметна сериозни казни за хомосексулаците. (види Од еманципација до криминализација – сталинистички прогон на хомосексуалците од 1934, на англиски јазик)
Сепак, точно е дека многу мистификација и митологија е изградена од левичари со кои постреволуционерна Русија се претставува како некој вид геј рај. Овие написи за настаните, низ очилата на современите погледи, ја промашува ситуацијата во историски рамки. Ќе се обидиме да дадеме преглед на вистинскиот контекст во кој болшевиците ја декриминализираа хомосексуалноста.

(Забелешка: поимот „геј“ или „хомосексуалец“ тука се користат повеќе од ЛГБТ, како поим што во тоа време не постоеше. Исто така, тука се занимаваме со одредена декриминализација на машката истополова активност. Истополовите врски помеѓу жените никогаш не беа криминализирани и затоа и не беа декриминализирани. За ова ќе пишуваме во друга статија.)

Хомосексуалноста под Царот

За време на Царот, хомосексуалноста се сметаше за криминал речиси еден век. Првата забрана за машки истополови односи во армијата беа наметнати од Петар Велики во 1716 г. Во 1835 г. Под Николај Први ова е проширено и на цивилна популација. Консензуалните хомосексуални врски беа казниви со егзил во Сибир и оваа легислатива остана на снага се со Октовмриската револуција во 1917 г.

И покрај желбите на Николај Први, хомосексуалноста не можеше да исчезне со силата на законот. Затоа што е природна варијанта на човековите сексуални односи,  може да се угнетува, но не и да се отстрани од општеството. Поради тоа остана полутајна појава со неколку места каде можеше да се изрази. Меѓу нив се јавните сауни и бањи каде беше честа машката проституција. Иронично е тоа што многу мажи од високата и средната класа беа хомосексулаци или бисексуалци. Некои од нив ќе се оженеа и привидно ќе живееа „нормален“ семеен живот, ама на местата како јавните бањи ќе бараа истополова љубов.

При крајот на 19 век како што се развиваше капитализмот во Русија, главните градови се проширија и со тоа се разви урбаната хомосексуална субкултура. И додека хомосексуалноста се уште беше криминализирана, психијатрите почнаа на појавата да гледаат од медицинска гледна точка, а не морална, под влијание на развојот на ова поле во Европа. Некои делови на научната заедница веруваа дека хомосексуланоста треба да се смета како психопатолошка или биолошка болест, а не како криминал. Хомосексуланоста не се сметаше како на природна варијанта на човековата сексуална активност, но ова во секој случај значеше отстапување од криминализацијата.

Психијатрите почнаа да ја развиваат идејата дека хомосексуалноста може да се објасни како „перверзија“ поради деформираниот сексуален развој провоциран од неадекватно одгледување. Како резултат на ова, се разви идеја дека хомосексуланоста може да се „излечи“ преку психотерапија и дури хипноза. Последица на ова беше идејата дека со следење на развојот на детето може да се избегне појава на хомосексуални „девијации“.

Мало малцинство отиде понатаму и почна да ја разгледува хомосексуланоста како навистина природна варијанта. Ушаковски – веројатно псевдоним – во статија објавена во 1908 год., „Луѓето со среден пол“, пишува:

„Законот треба да ги штити децата и лудите и забрани сите видови на напад. Но тоа што два возрасни лица, во своја соба, прават со своите тела на заемна согласност и без причинување на повреда не е грижа на државата.“

Оваа идеја, која во тоа време била поддржана од мало малцинство (па и анонимноста на авторот говори за тогаш илегалниот статус на хомосексуалците) се појави по Октомвриската револуција во болшевичката политика во врска со истополовите односи.

Во последниот период на царизмот се повеќе и повеќе хомосексуалци се осудуваа на затвор. Постоеше хипокризија во примената на законот, каде членови на повисоките класи беа осудувани поблаго. Тие на високи позиции знаеа за вистинските луѓе и фаќаа врски за да се игнорира нивниот случај. Неколку хомосексулаци од кралската фамилија, на пример, имаа процеси кои беа запрени.

Ефектот на револуцијата

Револуцијата од 1905 год. влијаеше на начинот на справување со хомосексуалците. И покрај зголемениот број на осуди против хомосексуалците, постоеше благо омекнување по ова прашање. Постоеше помала цензура по 1905 год., а во тие услови и личности како Михаил Кузмин (отворен геј писател и поет) можеа да се појават. Кузмин се смета за првиот романописец кој раскажува за отворањето на геј мажот (камингаут) во „Крилја“, објавен 1906 год. Во дневниците на Кузмин, покрај другите ствари, може да се најдат слики за секојдневието на геј домаќинство, под царизмот и под советската власт. Фактички имаше изблик на литература со тематика од сексуалниот живот по револуцијата во 1905 год. Во истиот период, Лидија Зиновјева-Анибал ја објави нејзината „Триесет и три Чудовишта“, што е приказна за лезбејска љубов.

Кузмин гледаше на Октомвриската револуција со симпатии, како и многу писатели и уметници. Тој стана член на Президиумот на Здружението на уметници во Петроград, заедно со Александар Блок и Владимир Мајаковски. Работеше како преведувач под раководство на Максим Горки и беше основач на дневната публикација „Животот на умотноста“, во 1918 год. како еден од неговоите уредници. Ова не се неважни детали. Тоа е личност која живееше отворено како геј маж, кој беше високо респектиран во раниот период на Советскиот Сојуз – то ест пред сталинистичката контрареволуција да се консолидира во општеството.

Буржоаските историчари – лаги и искривувања

Многу историчари, што пишуваат за феминизмот и хомосексуалноста, се обидуваат да ја намалат улогата на слободите на Советскиот закон за хомосексуалците и жените во 1920тите. Причината е сосема јасна. Тие не можат да се помират дека комунистичка руска револуција во 1917 година можеше да биде прогресивна во врска со правата на жените и  геј луѓето. Тоа е затоа што тие имаат за цел да ја претстават револуцијата како чудовишна аберација на историјата. Во тоа тие лојално му служат на својот господар: капиталистичката класа која посакува да ја закопа вистината за револуцијата.

Може да најдеме пример за такви искривувања во „Сексуалните малцинства: статусот на геј и лезбејките во руското-советското-руското општество“ од Џејмс Риордан, во книгата „Жените во Русија и Украина“ под уредништво на Розалин Марш. На ова прашање се посветени 17 страници и само два кратки параграфи на Риордан за речиси дваесетгодишниот период, во кој е вклучена Руската Револуција, потоа Граѓанската војна, пишувањето на Уставот 1922 до 1926 г., процесот на бирократска дегенрација, битката помеѓу сталиснистичката бирократија во пораст и Левата опозиција, постепената консолидација на бирократското властодрштво со последователна деструкција на изворната советска демократија постигната со револуцијата и, конечно, со уништувањето на многуте придобивки на револуцијата, отелотворени во реакционерните закони донесени во 1930тите.

Ова е соодветен начин на гледање на историскиот процес, затоа што им овозможува спојување на репресивниот сталинистички режим, како што бил во 1930тите, со претходните цветања на работничката демократија по 1917 година и во раните 1920ти. Риордан претставува слика за ситуацијата пред 1917 каде фашизоидните десничари и револуционерните социјалисти имале ист поглед на нештата кога изјавува дека:

„Логиката на левицата и десницата беше, според тоа, една те иста: полот и сексуалноста се опасни инструменти на класниот /националниот непријател низ коишто се поткопува духовното и физичкото здравје на „нашата страна“. Новиот режим по 1917 год ги наследи овие длабоко изградени ставови.“

Точно е дека некои во левицата во тоа време ја сметаа хомосексуалноста за „перверзија“ или „изопаченост“. Не е за изненадување земајќи предвид за кој период зборуваме. Сепак, она што тука се пропушта е дека, без оглед на погледите на индивидуалните социјалисти, Советскиот режим делуваше свесно за легализација на хомосексуалноста и нема толкаво погрешно пишување на историјата што може да го собори овој факт.

Под поднасловот „Сексуалните малцинства по 1917 година“, во кој Риордан ја намалува улогата на болшевиците во декриминализација на хомосексуалноста, тој наведува:

„Иницијативата за отповикување на антихомосексуланата царистичка легислатива, која следеше по револуцијата во февруари 1917 г., им припаѓа не на болшевиците, туку на конституалните демократи – имаше еден Кадет Владимир Набоков, кој предложил таков закон – и на анархистите.“

Според Риордан, заслугите за легализација на хомосексуалноста по револуцијата им припаѓа на Кадетите – кои до тогаш избегаа – и на анархистите кои не беа на власт! Набоков е виден член на Партијата на конституционални демократи (познати како КаДети): партија која отворено имаше контрареволуционерна улога 1917 год. Тој беше Министер за правда во првата кримска регионална Влада што беше поставена во јуни 1918 година под заштита на Германија, јасно во колаборација со реакционерната Бела армија.

Да се претстави оваа реакционерна индивидуа како вистински промотор на декриминализацијата на хомосексуалноста во Русија е просто неверојатно. Потоа без грам срам Риордан продолжува:

„Откако се укина стариот Криминален законик по Октомвриската револуција, членот 516 престана да важи.“

Од овде следува дека со укинување на стариот царски законик, болшевиците -откако се на власт, несомненјо исто така го укинале и членот со којшто се забранети хомосексуалните деланија. И како можеше кадетите да имаат влијание врз болшевичката легислатива откако се појави Советската власт? Ова е многу безобразен начин да се претстават болшевиците демек биле против декриминализација на хомосексуланоста, и покрај нивната реална акција за декриминализиација.

Вистина е дека Набоков беше либерал во однос на истополовите врски, но тој беше буржоаски либерал. Тоа значи дека тој ги бранеше правата на сопственост врз кои се темели угнетувањето на жените и хомосексуалците. Тој се бореше против социјалистичката револуција, како што јасно покажува неговата функција во Крим во 1918. Тој исто така седеше и во Комисијата на Привремената влада по февруари 1917 година за прегледување на царскиот Криминален законик од 1903 година. Таа комисија ништо реално не постигна. И така, додека реакционерните историчари ја намалуваат улогата на болшевиците за декриминализиација на хомосексуалноста (што е вистина дека тоа го сторија во 1922 година), им лепат заслуги за ослободување на геј луѓето во Русија на буржоаските либерали кои ништо не направија освен дрдорење.

И покрај обидите на Риордан за искривување на реалноста, тој мораше да признае:

„За време на 1920тите, ситуацијата со хомосексуалците беше релативно поднослива и многу геј и лезбејки (како Кузмин, Клиев и Памок) имаат главна улога во Советската култура.“

И покрај тоа што направи мали отстапки кон историската вистина, тој веднаш прескокнува на 1934:

„Владата под Сталин донесе правилник кој постана Закон на 7 март 1934 годна. „Содомијата“ повторно беше криминален престап и оваа ствар беше вметната во криминалниот законик на сите советски републики.“

Методата е јасна: на кратко спомени што било остварено под болшевиците и потоа брзо скокни на репресивниот режим под Сталин и препиши го ова на вистинската болшевичка политика.

Во Историја на хомосексуалноста во Европа и Америка исто има отворен обид за фалсификување на историјата. Тие ни кажуваат дека, да  болшевиците го укинале стариот царистички криминален закон по доаѓањето на власт, а според тоа сите стари закони, но тие несвесно ја отклониле криминализиацијата на хомосексуалноста. И сега ние треба да поверуваме дека болшевиците биле малку сенилни на ова прашање. Со овој мал трик се тврди дека болшевиците не се одговорни за декриминализација на хомосексуалноста. Но и покрај овие јалови обиди, овој автор, како и Риордан, мораше да покаже почит кон историската вистина:

„Откако заврши граѓанската војна, новиот Советски Кривичен закон беше донесен во 1922 година и имаше амандмани во 1926 год. Во сферата на сексуалните односи, овој законик го забрануваше сексот со малолетници под 16 години, машка и женска проституција и подведување. Не спомнуваше сексуални контакти помеѓу согласни возрасни, што значи дека возрасната машка хомосексуалност беше легална

И така, по омаловажувањето на болшевиците, тој мораше да признае дека кога била на власт ја декриминализираа хомосексуалноста.

Симон Карлински, професор на Беркли, кој почина во 2009 година, во неговато дело од 1976 година, Руската геј литература и културавлијанието на Октомвриската револуција, исто така тврди дека болшевиците просто заборавиле да ја спомнат хомосексуалноста како кривично дело во уставот од 1922 год. Карлински беше отворен антикомунист, што доста објаснува за неговата неспособност да се справи со вистината што точно се случило. Тој исто така ја намалува улогата на репресијата за време на Царот и се обидува да ги претстави работите дека биле потешки за геј луѓето откако болшевиците дошле на власт. Повторно, ова се прави со нагласување на подоцнежната сталинистичка политика за истополовите односи и прескокнување на периодот на придобивки од раните години на Револуцијата.

Декриминализација – свесен чин

Неодамнешното дело на  Ден Хили, Хомосексуалната желба во револуционерната Русија (2001 год.) се основа на материјалот што веќе е достапен на Запад и следствено на архивата по колапсот на Советскиот Сојуз во 1991 год. За тоа дали декриминализацијата во 1922 год. на хомосексуалноста била свесна одлука или не, Хили, пишува:

„Во овие документи не се дискутира за статусот на содомијата детално, но тие покажуваат принципиелна намера за декриминализација на делото помеѓу согласни возрасни, изразено преку раните напори да се напише социјалистички кривичен закон во 1918 година со конечната адаптација во легислатива во 1922 год.“

Во првата елаборација на предлог Кривичниот закон во 1918 година многу е земено од законот од 1903 год. Сепак, постоеше свесна одлука во предлогот за декриминализација на истополовите дела, а во исто време криминализација на истополовите односи со малолетници или кога е вклучено насилство или принуда. Тоа е потоа основа за елаборацијата на Кривичниот закон од 1922 год. Козловски, Комесарот за правда од 1920 год направи низа коментари на предлозите какви биле, со што се покажува дека неговата политика беше отклонување на согласното истополово дејание помеѓу возрасни од статутите.

Конечно, новиот Кривичен закон стапи во сила на 1 јуни 1922 год. Кога во 1926 година, Законот претрпи измени, хомосексуалноста продолжи да биде легална, што покажува дека тоа не беше превид или заборавеност.

Ова значи дека Русија, од главните земји во светот, стана втора – по Франција по револуцијата во 1789 година – каде хомосексуалноста стана легална. Како законот се спроведе и како се гледаше на хомосексуалноста во 1920тите во Русија ќе погледнеме во идна статија.

 

Aвтор: Фред Вестон, 18, април 2018

Преземено од: Нова искра

Превод од: Bolshevik decriminalisation of homosexuality – intentional or oversight?