Битола, 26. 09. 2020 – Денеска во 12.00 часот, од Главната пошта до седиштето на МВР во Битола ќе започне протестот против полициската бруталност. Причината за протестот е претепување на неколкумина Роми во Битола од страна на полициски службеници, од кои едниот заврши и во Болница на 24 септември.
На фејсбук може да се прочита покана за мирен протест кој е мотивиран од брутално насилниот однос од 24 септември, каде полициско лице удира припадници на Ромската заедница. Еден од нив завршува и во Клиничката болница во Битола.
Организатори на протестот се неколку здруженија и иницијативи како Аваја, Ромалитико, Романо Авази, Ромаверзитас, Баирска Светлина, Сумнал и Ромско Јато.
Организаторите ќе обезбедат редарска служба, маски и дезинфекциски средства.
Протестот ќе започне во 12.00 часот од Главна пошта и маршутата ќе биде до седиштето на МВР во Битола.
Во продолжение ќе можете да го видите и клипот снимен во моментот кога полициските службеници ги тепаат на лице место преземен од јутјуб каналот на 24Vakti.