„Глупост. Нема поглупо право од авторското.
Го имаат измислено оние што од зборови што некој ги измислил, соодветно на фразеологија што некој ја разработил, според жанровски калапи што не ги смислиле тие, користејќи смисли и слики создадени од илјадници луѓе, клепаат нешто што го објавуваат како длабоко лично дело».
Ова право треба да се презира.
Поточно, не треба да му се придава никакво значење. (Иако не мора тоа јавно да се кажува).
Патем, во науката не постои.
Згора на тоа, постоењето на авторско право со можност за забрана на користењето или интерпретацијата на научните истражувања би запрело секаков развој на мислата на нивото на Аристарх (првиот хелиоцентрист, III п.н.е.).
Смешна работа, реално. Особено кога некој што во рака го држи плодот на трудот на многу илјадници луѓе (фотоапарат) го фиксира трудот на уште десетици илјади архитекти, градители и позлатувачи, а резултатот го нарекува «лична сопственост».“
Александар Невзоров („Речник“, Filibustier Publishing)
Превод: А. Ј.
Редакцијата на “Гласник” го презеде текстот без да го извести авторот или преведувачот.