ЛОГИКА НА МАКЕДОНСКИТЕ НАРОДНИ МУДРОСТИ: ИМПЛИКАЦИЈА

„Гласник“ деновиве ќе објавува логички лекции во кои што ќе бидат доближани до публиката логичките функции преку нивната потсвесна употреба во македонските народни мудрости. Првиот дел од овој серијал ќе биде наменет за логиката на исказите.

Стигнавме до импликацијата, исказен оператор кој делува на два искази од кои што првиот се нарекува антецеденс, а вториот се нарекува консеквенс. Таа се означува со знакот „⊃“ и со сврзникот „ако …, тогаш …“. Нејзината таблица ја дава нејзината лажност и тоа тогаш кога антецеденсот е вистинит, а консеквенсот е лажен.

Има два парадокси кои потекнуваат од импликацијата, а тоа го знаеле и сите врапчиња кои што ги слушале филозофите на Мегарската школа во Мегара во Античка Хелада. Тоа е дека тргнувајќи од лажен антецеденс секогаш се стигнува до вистинита конклузија, а вториот парадокс е дека од лажни премиси може да следува вистинита конклузија.

Во овој случај ќе разгледаме една понова македонска гнома, за која што сѐ уште не знаеме дали е вистинита или пак веродостојна. Поточно не знаеме дека ќе се испостави како точна. Така, првиот исказ – антецеденс е следниот „Образованието е дигитално.“, а консеквенсот „Образованието е достапно.“ Спојувајќи ги со импликација се добива следниот исказ „Ако образованието е дигитално, тогаш образованието е достапно.“ притоа овде само формално логички ќе ги разгледаме овие прашања, а не дали и во реалниот свет се сосема такви. Таблицата е следната:

Образованието е дигитално.

(p)

антецеденс

Обраозванието е достапно.

(q)

консеквенс

Ако образованието е дигитално, тогаш образованието е достапно.

(p q)

В В В
В Л Л
Л В В
Л Л В

Сега што се заклучува? Се заклучува дека образованието може да биде дигитално, но ако не е достапно се добива лажен исказ, впрочем тоа е првиот парадокс на импликацијата. Вториот пак, парадокс може да се види од последниот ред на таблицата, а тоа е дека може образованието да не биде ниту дигитално, ниту достапно, но да ве убедуваат во тоа. Тоа е парадокс и на политичкиот систем.

Прашања за размислување:

  1. Што е дигиталност?
  2. Што е достапност?
  3. Дали едното следува од другото?
  4. Што треба за образованието да стане достапно?

Следна лекција ќе биде за еквиваленцијата.

|2021-07-02T08:27:25+00:002 јули 2021|Актуелно, Култура|