Во последната недела во нападите на коалицијата САД-Саудиска Арабија во Јемен загинаа 98 лица

ЈЕМЕН, 10.08.2018 – Десетици цивили, претежно деца загинаа, а други беа повредени во воздушен напад кон автобус којшто се случи вчера во северниот дел на Јемен што е под власт на Хутите. Нападот беше извршен од страна на коалицијата која е предводена од Саудиска Арабија а е поддржана од Америка.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК), една од ретките хуманитарни институции што им помагаат на цивилите на теренот во земјата која е речиси уништена од војната, истакна дека болницата која тие ја поддржуваат добила десетици жртви по нападот што се случи во Дахјан, Са’ада.

„Според меѓународното хуманитарно право, цивилите мора да бидат заштитени за време на конфликтот”, напишаа на твитер профилот на МКЦК после нападот.

Не беше можно да се потврди бројот на жртвите, но Абдул Гани Најеб, шеф за здравство во Са’ада, за Ројтерс изјави дека 43 лица се убиени, а 61 се повредени.

Во соопштението објавено од страна на официјалната агенција за печат во Саудиска Арабија, коалицијата предводена од Саудиска Арабија го нарече нападот „легитимна воена акција“ која ги напаѓала елементите одговорни за ракетниот напад на Хутите во саудискиот град Џизан во средата. „Воздушните напади се усогласени со меѓународните и хуманитарните закони”, се вели во соопштението. Во соопштението се обвинуваат Хутите кои соработуваат со Иран, за користење на децата како човечки штит.

Пред 7 дена, коалицијата предводена од Саудиска Арабија беше обвинета за спроведување на воздушни напади на 2 август, во близина на рибниот пазар и болницата во Ходиида, во која загинаа 55 лица, а беа повредени уште 130 лица.  Значи, само во последната недела во нападите на  оваа коалиција загинаа 98 лица во Јемен, од кој наголем дел беа цивили.

Коалицијата, која исто така е поддржана од Обединетите Арапски Емирати, започна воена интервенција во Јемен во 2015 година, со цел да се спротивстави на мобилизирањето и прогресирањето на Хутите, кои коалицијата од Ријад ги перцепира како тројански коњ на Иран.

За потсетување, На 30-ти март 2018 година, МНР се огласи со осуда за шиитската група во Јемен – Хутите, кадешто остро ги осудува ракетните напади од страна на Хутите врз градови во Саудиска Арабија, кои се случија на 25-ти март 2018 година. Од тогаш па натаму, МНР е тивка со било каква друга реакција, иако Саудиска коалиција изврши 258 воздушни напади на Јемен само во јуни.

 

Извор: https://www.theguardian.com/world/2018/aug/09/dozens-dead-in-yemen-as-bus-carrying-children-hit-by-airstrike-icrc

|2018-08-10T09:28:00+00:0010 август 2018|Актуелно, Вести, Свет|