151 годинa од објавувањето на првиот том на „Капиталот“ на Карл Маркс

На денешен ден, на 14 септември 1867 година, првиот том на познататото дело на Карл Маркс „Капиталот“ (Das Kapital) за првпат се појавува во Германија. Хамбуршката издавачка куќа Ото Мајснер го објави првото издание на оваа книга.

По објавувањето во Германија, Капиталот се преведува на сите поголеми светски јазици. Неговата важност и влијание се доста големи затоа што ова дело претставува интелектуална и политичко-економска, но и филозофска референца во 20 век.

Еден од најзначајните методолошки пристапи на ова дело е, всушност, обидот преку концептите на политичката економија да се анализираат механизмите на капиталистичката економија. Според него, капиталистичкиот начин на производство акумулира вишок вредност, којшто е создаван од страна на работниците во една производствена инстанца. Вишокот вредост всушност претставува неплатениот труд на работникот којшто на крај станува и роб на сопственикот на фабриката, иако во формалниот однос, тие се партнери во процесот на производство. Но исто така, претставува и начинот на богатење на една од засегнатите страни, сопствениците. Овој однос на производство, нужно, според Маркс, носи до класен судир, односно до судир на работниците и сопствениците. Една од причините за тоа е и правото на коешто се повикува сопственикот и коешто се поклопува со правно-нормативниот режим во заедницата, имено правото на вишкот вредност како право на сопственост.

Оттука, следува идејата за судир на работниците како експлоатирани од една страна и добитниците на вишокот вредност, односно сопствениците на средствата за производство од друга страна.

Капиталот претставува тритомно дело, а другите два тома се објавени после смртта на авторот. Под уреднички надзор на неговиот близок соработеник, Фридрих Енгелс, едицијата се комплетира.

До книгата може да се пристапи тука.

Што се случува со работниците денес?

Двајца работници во Србија денеска загинале на работното место. Вработени биле во градените компании Копра и Старс, а биле на возраст 27, односно 47 години. Судбината на работниците во Македонија и регионот останува во катастрофалното ниво.

Нивните права постојано се прекршуваат, а нивните животи на крај завршуваат прерано во некој од доковите и халите на производство, односно градежнте места.

Политиките на еманципација кои беа напуштени на почеток на 80-тите години, резултираа со редукција на работнички движења и радикални работнички политики во сите сфери на политичкиот живот. Една од причините за тоа може да се лоцира и во методите на распределба принципите на еманципација и едукација на работниците.

Убеденоста дека работниците го живеат крајот на историјата на конфликтност со непријателската класа, пасивните рефлексии се ефектуираа во мобилизациска и формално организациска смисла, со што работниците беа атомизирани и до крајност објективирани.

Токму затоа, современи економски иследители на Марксовите концепти, потребата за аналитичка но и политичка интервенција и организација на работниците ја потенциираат како потрбна инстанца во современата политика и можност за излез од економските политики коишто репродуцираат еден систем на постојано ропство.

|2018-10-04T08:22:59+00:0014 септември 2018|Актуелно, Вести, Некатегоризирано|