Револуционерен успех е да се охрабрат луѓето повторно да читаат


Порано било полесно…

Штампаш револуционерни весници и ги делиш по работниците во фабриките. Останатото население не знае да чита и пишува, единствена теорија што ја слуша е светото писмо од локалниот поп. Револуционерната база- пролетеријатот е концетрирана во неколку града- индустриски центри и таму треба да се одигра револуцијата. По заземање на власта следи описменување на населението низ социјалистичко образование.

Денес е потешко…

„Новото нормално“ не е нов феномен предизвикан од корона вирусот. Новото нормално е постиндустриската информатичка револуција која произведе фриленсери (поточно „неосигурани работници од дома“). За понеснаодливите и понесреќните, сега „најновото нормално“ ќе биде – седи дома невработен на минимална државна помош.

Овие сега два паралелни процеса не враќаат во прединдустриска фаза на прекинати социјални врски, т.е во времето на семејните задруги. Сега телевизорот е локалниот поп од кого слушаме некаква теорија. Иако плурален поп е тоа кој не шири една правоверна вистина, сепак границите се јасно исцртани во насока на одржување на посточките односи.

Сега сите знаат да читаат и пишуваат, но за разлика од пред еден век, нема пишани весници, туку има смартфони од кои влегуваме во царството на порталите што одработуваат нечии тесни агенди. Останатото е слободниот пазар на кликбејтови- сензационалистички наслови и видеа пократки од 3 минути.

Како да се пренесе револуционерна содржина во една слика или во пола страница текст?

Социјалните мрежи каде царуваат мимови, слики и кратки текстови овозможуваат гребење по површината на напластените проблеми. За нивно решавање треба подлабоко копање…

Затоа револуционерен успех е да се охрабрат луѓето повторно да читаат.
Ново описменување е потребно…

 

Извор: ФБ статус на авторот

Ставовите изразени во текстот не нужно се поклопуваат со ставовите на редакцијата на „Гласник“.

|2020-06-01T10:36:23+00:001 јуни 2020|Актуелно, Култура, Став|