На 29 април, Али Ел Хемдан (17 години) кој живееше во Адана (Турција), за време на полициски час излегол надвор со цел да се прошета во кругот на населбата. Последниот разговор го направил со својата мајка:
Мајката на Али: Не излегувај, ако те фатат ќе ти пишат казна.
Али: Не се грижи,нема да ме фатат, а и ако ме фатат, нема да ме убијат.
Мајката на Али: Добро сине, биди внимателен.
Али излегол и после кратко време забележал неколку полицајци, а и полицајците го забележале него. За да не го санкционираат поради тоа што излегол надвор за време на полициски час, Али почнал да трча за да избега.
Полицијата викнала: застани. Но Али бегал за де не ја плати казната од 3.500 лири (околу 500 евра).
Полицијата наместо да пука во воздух, нишанела директно во срцето на Али. Веднаш била повикана брза помош, но поради тоа што куршумот предрел длабоко во срцето на Али, тој веднаш починал.
Полицаецот кој пукал веднаш бил приведен и во неговиот прв исказ изјавил дека пукал по грешка.
Се прашувам, какво е тоа пукање по грешка директно во срцето? Се прашувам што би можело дете на 17 години на среде бел ден да стори за да се пука директно во неговото срце? Одговорот е повеќе од јасен, буржоаските држави користејќи ја состојбата со корона вирусот сакаат да воспостават нови ограничувања на граѓаните. Веќе државите стануваат полициски држави.
Дали луѓето ќе се помират со нивните судбини кои им ги определуваат властодршците или заедно сплотени ќе се кренат во борба против веќе „најавениот фашизам“, останува да видиме понатаму.
Сакам да додадам дека ова не е изолиран случај, дека полицајци „по грешка“ убиваат цивили, се почесто сме сведоци на вакви трагични настани во светот.
Не заборавајте ниту на случајот на Мартин Нешковски каде полицаец уби дете во центарот на Скопје.
Пишува: Џејлан Велиу