Во сеќавање на Бенгалскиот глад од 1943 година

Фотографијата на насловната страна на Statesman Magazine во 1943 година по повод започнувањето на Бенгалскиот глад

На 22.8.1943 година Магазинот „Државник“ (Statesman Magazine) објави фотографии од изгладнети луѓе за време на Бенгалскиот глад во британска колонијална Индија. Гувернерот на Бенгал наредил оризот собран во 1942 година во Бенгал да биде прераспореден или уништен за да не падне во рацете на противниците. Властите конфискувале 46.000 бродови од локалното население, а со тоа уништувајќи ја рибната индустрија.

Властите тогаш почнале да земаат храна од руралите средини, каде што веќе имало рестрикции за храна, за луѓето кои биле сметани за „приоритет“, претежно побогати и подобро образувани луѓе, како и тие кои што работеле во воената индустрија и во јавниот сектор.

Најавите за поплавување на обработливите површини и ставањето на резервите за храна под ризик не ја спречиле Владата на Винстон Черчил да не постапи по овие предупредувања. Тогаш започнал гладот, наместо да се овозможи олеснување, Владата ѝ забранила на колонијата да ги користи своите сопствени финансиски резерви или бродови за да увози храна и наместо тоа продолжиле да извезуваат илјадници тони ориз за Европејците и продолжиле достапната храна од други места низ Британската Империја да биде чувана во магацини.

Сè на сè починале од 2 до 4 милиони луѓе, а тоа многу историчари го оценуваат како глад целосно створен од раката на човекот. Индија и претходно страдала од многу поголеми рестрикции за храна, но без масовни умирања, како на пример гладот од 1873-1874 година. Но, Винстон Черчил бил бел супрематист и антисемит, кој воопшто не се грижел за локалното население. Тој верувал дека „гладот на кој било неухранет Бенгалец е помалку сериозен отколку неухранетоста на тврдиот Грк“, и дури траел гладот тој гордо извикал „Мразам Индијци. Тие се ѕверски народ со ѕверска религија.“

Извор: Working Class History

Превод: Никола Шиндре

|2020-08-22T12:18:26+00:0022 август 2020|Актуелно, Култура, Свет|