СКОПЈЕ, 28. 07. 2018 – Не се менува третманот кон зградата на Државниот Архив. Политиките на пренамена на објекти коишто претходната власт ги спроведуваше, новата власт само ги усвои и преќутно ги спроведува. Градежната мафија царува, исто како во златните денови на режимот на Груевски.
Деновиве се отстрани специјалниот генератор кој беше најчуваниот дел од Архивот изграден во 1969 година. Зградата, која беше изградена според тогашните највисоки стандарди никогаш не смееше да остане без струја. Документите кои во неа се чуваа мораше да бидат постојано под контролирани влага и температура.
Основната намена на зградат на Архивот која се наоѓа во близина на МРТ режимот на Груевски реши да ја пренамени и тука да го смести специјалното обвинителство.
Архивот се пресели покрај реката вардар во зграда која ни од далеку не ги задоволува условите. И покрај апелите на јавноста ражимот на Груевски не отстапи од намерите и во моментов архивските материја на Државниот Архив се сместени во зграда која редовно е поплавувана од подземните води на Вардар.
Силните интереси на градежната мафија се уште се ставаат над јавниот интерест. Новиот режим на Заев продолжува со истата политика и не го враќа архивот на старата локација. Архивската граѓа гние, наместо веднаш да се пресели. Новиот режим планира нова зграда која некому ќе донесе ограмни профити на сметка на граѓаните. Спрегата помеѓу градежната мафија која профитираше од Скопје 2014 и поранечниот и сегашниот режим се уште опстојува.
Режимот на Никола Груевски не го „красеа“ само местените избори и местените судии и обвинители, туку и многуте вакви „пренаменувања“ на јавното, кои на крај завршуваа во различни концесионерски договори на блиски членови на партијата на власт. Економскиот режим на приватизациски „поплави“, ја зголемува алармантноста на економското салдо на државата, чиј сметка ја плаќаат граѓаните.