СКОПЈЕ, 22.10.2019 – Денеска, вторник, со почеток во 20:00 часот Социјалниот центар „Дуња“ ќе го прослави својот трет роденден. На прославата ќе настапат The Friends Band и Dabari Sound, а гостите ќе можат да уживаат во нивната музика.
Социјалниот центар „Дуња“ кој започна со работа во 2016 година, денеска го слави својот трет роденден. Последниве три години низ просториите на „Дуња“ поминаа голем број на активисти за социјална правда, иницијативи за различни општествени прогресивни прашања, алтернативни културни групи со најразлични перформанси, се одржаа голем број на базари, концерти, изложби, семинари, средби и солидарни настани.
Социјалниот центар поддржува млади уметници од Скопје и Македонија кои сакаат да ги изложат своите дела, да ја презентираат својата музика или пак да имаат перформанс. На вечерашната прослава присутните ќе имаат можност да уживаат во музиката на The Friends Band и Dabari Sound.
Социјалниот центар „Дуња“ во текот на една ладна скопска зима на одреден период ги вдоми бездомните лица од градот и ги спаси од студот кој не поштеди никого. Луѓето кои го одржуваат се залагаат за подобро, поодговорно, похумано, позелено и поправедно општество за сите нас.
Локацијата на „Дуња“ е на улица „Рајко Жинзифов“ број 22 или жолтата куќа позади автобуската станица спроти Архитектонскиот факултет, а настанот ќе започне во 20.00 часот.
Редакцијата на „Гласник“ го честита роденденот на „Дуња“ и ги кани нашите читатели да дојдат и заедно да го прославиме.