Скопјанец смртно затрупан од потпорен ѕид

СКОПЈЕ, 06.09.2017 – Денес,  на улицата „Дане Крапчев“, во Скопје, едно лице го загуби својот живот додека поминувало покрај објект кадешто се извршувале градежни работи, при што врз него паднал потпорен ѕид

Од МВР за Гласник информираат дека несреќата се случила денес во 09.10 часот, на улицата „Дане Крапчев“ каде се извршувале градежни работи. Лицето М.Т. родено во 1949 година застанал во близина на објектот, при што потпорниот ѕид попуштил и се срушил врз него. Од страна на СВР Скопје е извршен увид на лице место и известена е Градежната и Трудовата инспекција. Надлежниот Јавен обвинител наредил обдукција на телото.

Ова е втор смртен случај во последниов месец на територија на Дебар Маало. Неодамна, иницијативата „Во одбрана на Дебар Маало“ организираше протест со кој алармираше за густиот сообраќај и немањето простор за пешаци. Опасноста да се живее во Дебар Маало станува се’ по извесна земајќи ги предвид двата последни смртни случаи.

|2017-09-07T08:35:08+00:006 септември 2017|Актуелно, Вести, Некатегоризирано|