Квир бунт во Дуња

Редакцијата на “Гласник” го пренесува целосно соопштението на Социјалниот центар “Дуња” по повод еднодневниот настан насловен како “Квир бунт”, кој ќе се одржи утре во сабота на 26.Јуни 2021 година во “Дуња”, со почеток од 18:00:

“Квир означува сè она што според статус квото е дефинирано како неприфатливо, чудно, неразбирливо и одбивно. Всушност, квир е сè она што го предизвикува постоечкото статус кво — хетеронормативноста, циснормативноста и сите дргуи негови норми. Така што, да се биде квир значи да се биде бунтовник.

Нашиот бунт е против оние кои директно ни го загрозуваат животот — хомофобите, трансфобите итн. Но, истовремено, и против оние кои ни го загрозуваат индиректно и со лаги — т.е. оние кои пробуваат да ја асимилираат нашата борба во авторитарниот и капиталистички систем. Во таа смисла, се бориме против насилната репресија врз нашата заедница, но и против нејзината насилна асимилација. Се бориме за автономија!

Со цел да го одбележиме и оживееме овој квир бунт се гледаме на 26.07 (сабота) во С.Ц Дуња:

18:00 – jam session
19:30 – свирка на J△M
21:00 – проекција на Paris is Burning (https://www.imdb.com/title/tt0100332/)”

Стои во соопштението од организаторите на настанот.