По членовите на НВО-ата, на ред за вработување се активистите на „Шарената револуција“

Низ социјалните мрежи може да се забележат многу реакции по повод вработувањето на истакнати членови на невладиниот сектор, но, исто така и членови и активисти на граѓанската иницијатива „Шарена револуција“. Вчера, на фејсбук профилите на познати личности на социјалните мрежи, беа дознаени имињата на неколкумина активисти на „Шарената револуција“, кои завршиле како дел од Пи – Ар екипата на премиерот Заев. Станува збор за познатиот твитерџија Влатко Васиљ и поетот Дарко Лешоски.

Има многу негодувачки реакции, а тие одат дотаму што се креира сомнеж во јавноста за пресметан активизам и опортунизам на истиот. Неодамна, неколкумина членови на неколку организации од невладиниот сектор станаа дел од кабинетите на неколку министерства, вклучително и премиерскиот кабинет.

Дел од јавноста смета дека овој вид на отвореност на владеачката партија е позитивна за Македонија и нејзините институции и целокупниот политички живот на граѓаните. Од друга страна, јавноста која се смета за стручна во оваа област, исто така на фејсбук како одговор наброја неколку точки според кои Односите со јавноста како комуникациска стратегија не се поклопуваат. Дел од тие точки се:

1. Новинарство

2. Граѓански/невладин сектор

3. Активизам

4. Познати личности

5. Популарни фаци на ФБ и Твитер

6. Многу лајкови

7. Број на споделени постови и ретвити итн.

 

|2017-07-07T15:49:10+00:007 јули 2017|Актуелно, Некатегоризирано|