Како што беше и најавено денеска на 6.8.2020 година во 19 часот започнаа протестите против поскапувањето на цената на електричната енергија најавено од страна на Регулаторната комисија за енергетика, а по барање на компаниите што произведуваат, пренесуваат и дистрибуираат електрична енергија. Се протестираше во Скопје, Тетово и Куманово.
Поворката на протестниот марш започна пред паркот „Гази Баба“ во Чаир, а заврши пред зградата на Владата. На скопскиот протест имаше околу 1.000 протестирачи кои излегоа на улиците за да го искажат својот револт против самоволието на власта.
Повелете видете дел од атмосферата на протестот во Скопје.
Прочитајте ги барањата на протестот.