Ново министерство во Владата на Република Македонија

СКОПЈЕ, 13. 07. 2017 – Министерство за комуникации, отчетност и транспарентност е името на новото министерство коешто ќе биде дел од Владата на Република Македонија. Денес, на веб страната на Фокус се објави и името на потенцијалниот министер, а тоа ќе биде Робер Поповски.

Министерот и неговата екипа, како што пренесува Фокус „ќе ја организира внатрешната комуникација помеѓу премиерот, министерствата и сите институции“.

Има доста реакции по социјалните мрежи за оваа одлука на Владата на Република Македонија. Тие потсетуваат на промоцијата на потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска и критиката за тоа дека тогашната влада броеше многу министерства, повеќе од потребниот квантум. Тогаш Шекеринска вети дека доколку СДСМ дојде на власт, бројот на министерствата ќе се намали и нема да биде повеќе од 20 министерства. Во моментов, владата брои вкупно 25 министерства, од кои 15 се ресорни, 7 се без ресор, додека 3 министерства се вицепремиерски и на крај премиерот.

Е вака слаткоречиво беседеше Шекеринска пред изборите.Отпораши, се слушаме?!P.S. Заев: Македонија е созреана за нов начин на водење политика 😀

Posted by Goce Markoski on вторник, 30 мај 2017

 

Реакции има исто така и кај некои новинари кои ова намера на владата не ја гледаат позитивно. Имено, ова министерство го нарекоа:

„Министерство за пропаганда и цензура, ок е?“

|2017-07-13T18:50:02+00:0013 јули 2017|Актуелно, Вести, Некатегоризирано|