Нова студија открива: на глобално ниво, еколошките активисти се убивани во рекорден број

Текстот е првенствено објавен на Гардијан на 13.07.2017 година. Редакцијата на Гласник ви го пренесува во целост.

Активистите бараат правда за случајот на домородната еко активистка од Хондурас, Берта Касерас, која беше убиена мината година

Според новото истражување кое покажува дека, еко активистите се убивани со стапка од речиси четири лица неделно во светот, минатата година досега беше најкобна за луѓето кои си го бранеа заедничкото земјиште,  природните ресурси или дивите животни,.

Според набљудувачката група Global Witness, двесте еко активисти, ренџери за диви животни и домородни лидери кои се обидувале да си ја заштитат својата земја се убиени во 2016 година, што значи двојно повеќе од пред 5 години.

Како изминува 2017 година, со 98 убиства во првите пет месеци од оваа година фрекфенцијата на убиства само се зголемува , покажуваат новите статистики што eксклузивно ги доби  Гардијан. 

„ Со развивање на културата на имунитет, човековите права се фрлаат во корпа. Денес постои огромно поттикнување да се уништи животната средина само поради економски причини. Луѓето кои се најмногу изложени на ризик се луѓе кои веќе се маргинализирани и исклучени од политиката и судска компензација на штети, и се зависни од животната средина. Државите не го почитуваат владеењето на правото. Секаде низ светот, активистите се соочуваат со закани.

Ова што се случува е епидемија, култура на неказнивост, владее чувството дека секој може да убие еко активист без никакви реперкусии, да збрише било кој што ќе им застане на патот. Ова доаѓа од секаде – рударството, агробизнисот, илегалната дрвосеча и градењето на брани“, вели Џон Нокс, специјален известувач за човековите права и за заштита на животна средина при Обединетите Нации (ОН).

Eден од лидерите на Мексиканските домордни народи, кој беше жесток опонент на илегалната дрвосеча, Исидро Балденегро Лопез беше убиен во јануари.

Во мај, фармери од државата Маранхао во Бразил, нападнаа домородно население, сечејќи со мачети, поради конфликт околу земјиштето, оставајќи десетина во болница. Исто така, оваа година, напади и убиства на еко активисти имаше во Хондурас, Колумбија, Мексико и во многу други земји.  

Исидро Балденегро Лопез (напред во средина) дома во своето село Колорадас де ла Вирген, Чиуауа, Мексико, каде што се бореше против операциите за илегалната сеча. Извор на фотографијата: Голдман наградата за борба за животната средина. (Goldman Environmental Prize)

Повеќето борци за животна средина умираат во тешко пристапни шуми и села кои се во опасност од рударство, брани, илегална дрвосеча и агробизнис. Многу од убијците се наводно најмувани од страна на корпорации или самите држави. Многу малку од нив завршуваат со лисици, или идентификувани.

Ова е причината поради која Гардијан, во соработка со Глобален сведок (Global Witness) отпочнува проект на документирање на смртните случаи на еко активисти како резултат на убиства во текот на наредната година. Тие ќе известуваат директно од последните дивини во светот, како и од најиндустрилизираните земји на планетата, за работата на активистите за животната средина и нападите кои ги претрпуваат.

Били Кајт, водачот на кампањата за овој проблем за Global Witness, изјави дека убиствата кои ќе се најдат на листата се само дел од оваа епидемија на насилство. 

„Заедниците кои се спротивставуваат на уништувањето на животната средина се под оган на приватните служби за обезбедување на компаниите, државните сили и платени убијци. За секој еден бранител на животната средина кој е убиен, постојат многу повеќе кои се под закана за иселување, уништување на ресурси или под смртна закана. Ова не се изолирани инциденти. Ова се симптоми на системски напади на далечните и домородните заедници од страна на државата и корпоративните играчи“, вели тој.

Најголем дел од еко активистите умираат во далечните шуми или села кои се афектирани од рудниците, браните, илегалната дрвосеча и агробизнисот. Многу од убијците наводно се најмени од корпорациите или од државните власти. Многу малку се уапсени или идентификувани.

Истражувачите велат дека во светот, бројката и интензитетот на еколошките конфликти расте.

Атлас на еколошки конфликти, кој го водат академици од 23 академии, спонзориран од Европската Унија,  идентификува повеќе од 2000 конфликти за проблеми како вода, земја, загадување, иселување и рудници.

Активисти на Гринприс блокираат нелегално изграден пат кој се протега 135 километри во националната шума Алтамира, Бразил. Патот директно пресекува преку шумата и се користи за нелегална дрвосеча и дефорестација внатре во заштитената зона. Фотографија: Даниел Белтра/Гринпис.

„Ова се само пријавените случаи. Вистинската бројка е можеби три пати поголема. Има се’ повеќе насилство.“ вели Боби Банерџи, истражувач од факултетот за бизнис Кас, кој ги проучува формите на отпор на проекти за глобален развој веќе 15 години.

„Сега конфликтите се случуваат секаде низ светот благодарение на глобализацијата. Капитализмот е суров, а глобалните корпорации бараат сиромашни земји за пристап до земјиште и ресурси. Сиромашните земји се посклони на корупција и имаат покревка имплементација. Денес, компаниите и владите соработуваат во убивањето луѓе“, додава тој.

Податоците од Global Witness за 2016 година покажуваат дека, индустриите кои се во сржта на проблемот се рударската и индустријата за нафта, кои беа поврзани со 33 убивства. Нелегалната дрвосеча е на второ место во светот со 23 убиства, од 15 претходната година следи земјоделството. Ова рангирање може да се промени. Во првите 5 месеци од оваа година, највпечатлив тренд е што за првпат агробизнисот му парира на рударството како најсмртоносниот сектор, со 22 убиства во светот, само малку помалку од вкупниот број убиства во тој сектор минатата година.

Во 2017 година, ситуацијата особено се има влошено во Колумбија. Бразил и Филипините исто така се стремат кон поставување на нови рекорди, а домородните заедници продолжуваат несразмерно да страдаат.

Кога се работи за рангирање на држави, Бразил во 2016 година уште еднаш се покажа како апсолутно најсмртоносната земја, со 49 убиства, многу од нив во Амазонската прашума. Шеснаесет од овие случаи беа поврзани со производството на дрва за огрев, а стапката на обесшумување на земјата се зголеми за 29%.

Амазонската прашума која се граничи со обесшумена земја. Фотографија: Пауло Витакер/Ројтерс

Во пошироки рамки, Латинска Америка останува најопасната земја за секој оној кој се обидува да ги заштити реките, шумите, планините и океаните, со 60 од вкупниот број смртни случаи на еко активисти во светот, иако е дом на помалку од десеттина од светската популација. Со крупни економски интереси во прашање, национални безбедносни сили биле причината за најмалку 43 убиства глобално – 33 од страна на полицијата и 10 од страна на војската, додека пак други играчи како приватно обезбедување и платени убијци биле одговорни за 52 смртни случаи.

 

Данокот на човечки животи е ужасен, изјави Лаура Касерес, една од ќерките на домородната водачка на народот Ленка во Хондурас – Берта Касерес, која беше убиена во 2016 година, откако се спротистави на градењето на хидроцентралата Агва Зарка (Agua Zarca)  на реката Гвалкарка.

Касерес, која е сега во егзил откако се соочуваше со смртни закани, неодамна присуствуваше на конференција во Оксфорд, Велика Британија, организирана од Н1М (Not1More ), групација основана во 2016 година, како одговор на насилството со кое се соочуваат активистите за животна средина.

„Берта Касерес беше пречка за системот. (Хондурас) е толку опустошена; 30% од земјата е продадена на транснационални корпорации. Компаниите превземаат контрола на нашите древни престојувалишта. Шумите се приватизираат. Мајка ми имаше страст за нејзината земја, нејзините корени  и ја ужаснуваа злобните и насилни форми на империјализмот“, изјави таа.


Луѓе протестираат против насилството и несигурноста и бараат правда за убиството на домородната еко активистка Берта Касерес во Хондурас. Фотографија: Орландо Сиера/АФП/Getty Images

 

Кратко по конференцијата, Гардијан извести дека, уште едно од децата на Касерес, Берта Зуњига преживеала вооружен напад брзо по нејзиното именување за нов водач на организиацијата за домородни права, претходно водена од нејзината мајка.

Активистите често велат дека, не добиваат помош од владата, и навистина, честа импликација на насилството се корумпираните влади.

Еден западно африкански активист, кој се бори против нелегалната дрвосеча, а кој замоли да биде анонимен поради страв од одмазда, изјави: „Јас сум мета на притисоци и закани. Милиони (долари) се излеваат од шумите, а сепак народот не добива ништо, нема училишта и здравствени установи. Парите не одат во државата, туку кај приватни лица. Работиме без ресурси.“

„На моето семејство му се имаат заканувано со смрт. Добиваме анонимни повици. Но, јас продолжувам да работам со помош на моите колеги. Дадовме информации за ОН и замоливме за помош. Тоа не не’ одведе кон ништо. Може да се случи да бидеме убиени во секој момент“, додава тој.

Се’ повеќе се таргетираат и активистите за заштита на дивиот свет. Според американската групација Глобално зачувување (Global Conservation), повеќе од 800 ренџери на паркови се убиени од страна на комерцијални ловокрадци и вооружени полициски групации во последните 10 години,

Активистот за заштита на животната средина, Чат Вати од Камбоџа, кој беше убиен во 2012 година. Фотографија: CCHR/EPA

Американската писателка Олесија Плокхи, која беше сведок на убиството на Чат Вати, активист против нелегална дрвосеча од Камбоџа, за Еколоџист минатиот месец напиша:

„Вати беше на чело на сопствената организација за заштита на животната среда, имаше западни финансиски поддржувачи, поддршка од високи воени функционери во Камбоџа, стотици локални поддржувачи кои го заштитуваа и алатки – неколку телефони и GPS уред. Сепак беше убиен.“

Многу помалку организирани и подготвени активисти, луѓе кои биле приморани да си ја бранат земјата поради насилни иселувања или огромен развој на инфраструктура се соочуваат со истото насилство.

 

 

 

 

Во извештајот на Global Witness за 2016 година исто така е забележано дека, протестите против загрозување на животната средина се задушуваат се’ повеќе, дури и во најбогатите земји, цитирајќи го случајот со кампањата во Стендинг Рок против градење на нафтовод под езерото Оахе во САД, и нотирајќи дека, законодавците од Северна Дакота едвај го поразија предлог законот, кој би им дозволил на возачи да прегазат и убијат демонстранти без да подлежат на затворска казна.

Коосновачот на Н1М, Френ Ламбрик за Гардијан изјави: „Најгласните бранители на животната средина се суштински потребни за борба против климатските промени, заштита на природните ресурси и на човековите права и зачувување на културните идентитети. А сепак се мета на насилни напади, закани и криминализација.“

„Ние сме бранители на животот,“ рече Лаура Касерес. „Подготвени сме на се’, за да му овозможиме да продолжи. Не сакаме да ги загубиме нашите животи, нашите мајки, нашите семејства. Но, го преземаме тој ризик. Ако можат да убијат некој кој е исклучително препознатлив, како мајка ми Берта, тогаш тие можат да убијат секого“, додава тој.

|2017-12-28T17:42:56+00:0028 декември 2017|Актуелно, Некатегоризирано, Свет|