ЛОГИКА НА МАКЕДОНСКИТЕ НАРОДНИ МУДРОСТИ: РЕЈЕКЦИЈА

„Гласник“ деновиве ќе објавува логички лекции во кои што ќе бидат доближани до публиката логичките функции преку нивната потсвесна употреба во македонските народни мудрости. Првиот дел од овој серијал ќе биде наменет за логиката на исказите.

Рејекцијата е таков логички оператор кој што поврзува барем два елементарни искази со помош на знакот „↙“, кој што се нарекува Пирсова стрелка во чест на Чарлс Сандерс Пирс – американски филозоф, и сврзникот „ниту … ниту …“. Рејекцијата се нарекува и логичко нили затоа што е спротивна на дисјункцијата, односно нејзината таблица на вистинитоста ја дава нејзината вистинитост и тоа само во случај кога двата нејзини составни искази се лажни.

Во нашиот случај на една изрека што треба да стане интересна за читање „Ниту горд педер, ниту горд Македонец.“ може да се состават овие два елементарни искази „Јас сум горд педер.“ (p) и „Јас сум горд Македонец.“ (q), а со сврзување ќе се добие „Ниту сум јас горд педер, ниту сум јас горд Македонец.“ (p ↙ q) или пак, скратеното исто така може да се земе како еквивалент на ова. Така, таблицата на вистинитоста ќе биде следната:

Јас сум горд педер.

(p)

Јас сум горд Македонец.

(q)

Ниту сум јас горд педер, ниту сум јас горд Македонец.

(p q)

В В Л
В Л Л
Л В Л
Л Л В

Од ова се заклучува дека оваа изрека вака формулирана е вистинита исклучиво кога и двата нејзини составни искази се лажни, односно кога некој не се чувствува горд што е педер или пак што е Македонец. Веројатно, градењето на сопствениот идентитет не треба да влијае толку врз градењето на личниот идентитет за да не запаѓа некој во вакви парадокси.

Прашања за размислување:

  1. Што значи да се биде горд педер?
  2. Што значи да се биде горд Македонец?
  3. Што значи да се биде и двете?
  4. Што значи да не се биде ниту двете?

Ова беа осумте лекции за логиката на исказите. Имајте убав ден.

|2021-07-07T10:45:35+00:007 јули 2021|Актуелно, Култура|