ЛОГИКА НА МАКЕДОНСКИТЕ НАРОДНИ МУДРОСТИ: КОНЈУНКЦИЈА

„Гласник“ деновиве ќе објавува логички лекции во кои што ќе бидат доближани до публиката логичките функции преку нивната потсвесна употреба во македонските народни мудрости. Првиот дел од овој серијал ќе биде наменет за логиката на исказите.

Третата логичка лекција за денес е лекцијата за конјунција преку гномата „И бол и бес!“ што го носи и името на познатиот роман на македонскиот писател Славко Јаневски. Конјунцијата е таков исказен оператор што поврзува два или повеќе искази и чија што таблици на вистинитоста ја дава нејзината вистинитост, а тоа е случај само кога двата основни искази (или сите основни) се вистинити. Таа се означува со знакот „ . “, а нејзин сврзник е сврзникот „и“. нејзините составни искази се нарекуваат конјугати.

Во случајот за p ќе го земеме исказот „Јас имам бол.“, а за q исказот „Јас имам бес.“ што скратено се пишува како што и Славко Јаневски го именувал својот роман. Спојувајќи ги со конјунција ќе се добие исказот „Јас имам бол и јас имам бес.“ Таблицата е следната:

Јас имам бол.

(p)

Јас имам бес.

(q)

Јас имам бол и јас имам бес.

(p . q)

В В В
В Л Л
Л В Л
Л Л Л

Од ова може да се заклучи дека дури и Славко Јаневски, а сите Македонци кои ја користат оваа изрека се свесни дека оваа изрека е вистинита само тогаш кога се кажува искрено и кога некој навистина има и бол и бес затоа што во спротивно не би била вистината и би се изгубила смислата на разговорот со својот кога му се соопштува ова.

Прашања за размислување:

  1. За што имате Вие бол?
  2. За што имате Вие бес?
  3. За што имате и бол и бес?
  4. Кому ќе му кажете дека имате и бол и бес?

Следна лекција ќе биде за исклучителната дисјункција.

|2021-06-30T08:57:13+00:0030 јуни 2021|Актуелно, Култура|