ЛОГИКА НА МАКЕДОНСКИТЕ НАРОДНИ МУДРОСТИ: ИСКЛУЧИТЕЛНА ДИСЈУНКЦИЈА

„Гласник“ деновиве ќе објавува логички лекции во кои што ќе бидат доближани до публиката логичките функции преку нивната потсвесна употреба во македонските народни мудрости. Првиот дел од овој серијал ќе биде наменет за логиката на исказите.

Исклучителната дисјунција е таков логички оператор кој што сврзува два искази со помош на знакот „˄“ и сврзникот „или … или …“ како што денес се нарекува една добра и интересна книжарница во Центарот на Град Скопје што издава навистина убави романи. Вистинитосната таблица на оваа функција ја одредува нејзината вистинитост и тоа тогаш кога двата елементарни искази имаат спротивставени вистинитосни вредности, односно едното да е вистинито, но другото лажно.

Геслото „Смрт или слобода.“ е такво што ние можеме да го разделиме со следните два искази „Ќе бидеме слободни.“ (p), „Ќе умреме борејќи се за слобода.“ (q) што кога би се споиле со сврзникот на исклучителната дисјунција би се добил следниот исказ „Или ќе бидеме слободни или ќе умреме борејќи се за слобода.“ (p ˄ q). Таблицата на вистинитоста е следната.

Ќе бидеме слободни.

(p)

Ќе умреме борејќи се за слобода.

(q)

Или ќе бидеме слободни или ќе умреме борејќи се за слобода.

(p ˄ q)

В В Л
В Л В
Л В В
Л Л Л

Од ова се заклучува дека борците за слобода на Македонија – Македонците и сите други поробени народи од власта знаеле дека не може да си слободен без борба или пак да си жив, а да не си слободен. Можеби не е така фаталистичка оваа изрека еднаш кога ќе се размисли добро, а и убаво.

Прашања за размислување:

  1. Смрт или слобода?
  2. Или смрт или слобода?
  3. Што е слободата?
  4. Дали вреди да се умре за неа?

Следна лекција ќе биде за нејзиното величество импликацијата.

|2021-07-01T09:24:19+00:001 јули 2021|Актуелно, Култура|