„Бескорисно е да се чека — за некакво пробивање, за револуцијата, за нуклеарната апокалипса или пак за социјално движење. Да се продолжи да се чека е лудило. Катастрофата не доаѓа, таа е тука. Ние веќе се наоѓаме во пропаѓањето на една цивилизација. Од оваа реалност ние мораме да бираме страни.“
Квир ослободувањето е предмет полн со недоразбирања во пошироката „ЛГБТ+“ заедница, предизвикувајќи жестоки дебати кога ќе ја допре дискусијата околу природата на квир постоењето и, секако во насоката на радикално анти-асимилациски политики. Мејнстримот на ЛГБТ+ „културата“ и политика е во главно составен од цис и бели луѓе. Со други зборови, луѓе кои се подготвени да ги предадат своите другари квирови за некакво млако прифаќање од страна на општество кое е силно непријателски настроено кон било какви ненормативни општествени и сексуални формации. Овој либерален мејнстрим постојано ги турка нанадвор чудното (квир) и непријатното создавајќи општествени отпадници, од веќе постоечките општествени отпадници, кои се потоа казнувани поради самото осмелување да постојат. Казната може да заземе повеќе форми, но таа е често исфрлање од „учтивото општество“ (еуфемизам). Тоа исфрлање во капиталистичкото општество е блиску до смртна казна за оние кои се исфрлени — одбивајќи им пристап до работа, здравство и дом, а често и зголемување на шансата за напади од страна на полицајци како и „сограѓани“.
Тоа исфрлање и одбивање на квирот не е несакан ефект кога збориме за ЛГБТ+ мејнстримот, туку е всушнпст причината поради која одреден процент на квир луѓе го имаат достигнато нивниот сегашен „прифатен“ статус на асимилација. За да се постигне хомогеност со поширокото циснормативно општество, тие гејови себеси се имаат оделено од сè што е Квир, оттурнувајќи ги и казнувајќи ги сите квир луѓе кои не се совпаѓаат во општеството и, најкритично, тие кои не сакаат да се асимилираат се оттргнати од движењето како дисиденти.
Тука е мојата поента, дека штом се отфрлени дисиденти, квировите имаат многу ограничени можности. Можеме или да одбереме да им се придружиме на асимилационистите и да се потиснеме себеси и нашите другари и другарки, или пак да го прифатиме нашето отфрлање и да почнеме да создаваме радикални квир акции. Секако, ова не е избор, бидејќи асимилација само ќе го зголеми отфрлањетo на квир суштината.
Тоа отфрлање од страна на циснормативното го има присилено квирот да усвои инсурекциски (insurrectionary) карактер. Нема место каде што квирот може да оди без одма да биде отфрлен; исфрлен или третиран како вулгарен спектакл. На квировите им се понудени нивните избори; радикална акција или кротко прифаќање на насилните цисхетеро норми на кои тие не можат да се придржуваат. Квирот е принуден на инсурекција преку своето постоење и преку негирање на нормите на општеството во кое мора да живее.
Кога го промислуваме инсурекцискиот квир потенцијал не треба да избегнеме „осиромашувачки“ (destituent) политики — всушност тие треба да се во срцето на квир инсурекцијата. Според зборовите на Невидливиот комитет (псевдоним на анонимни француски автори кои имаат пишувано за анархизмот):
„Да се осиромаши моќта значи да се лиши од својата основа. Токму тоа го прават инсурекциите. Конституираното се појавува како што е, со своите илјадници маневри — несмасно или ефективно, грубо или софистицирано. „Кралот нема облека“, тогаш се вели, бидејќи составниот превез е растурен и сите гледаат низ него. Да се осиромаши моќта значи да се одземе нејзиниот легитимитет, да се принуди да го признае своето самоволие, да се открие нејзината несигурна димензија. Значи да се покаже дека таа преживува само во ситуација, преку стратегиите, методите и триковите што може да ги искористи — да се претвори во привремена конфигурација на работи кои, како многу други, мораат да се борат и да заговараат за да преживеат… Да се осиромаши моќта значи да се врати во реалноста/спушти на земјата.“
Осиромашувањето на моќта е токму тоа што сакаме да го направиме како квирот. Да ја собориме фасадата на асимилација и да го спуштиме циснормативното оптшество на колена, и да бидеме сигурни дека секој знае дека старите обичаи се мртви.
Во својот центар квир инсурекцијата се состои од имагинативни и деструктивни политики, целејќи го уништувањето на старите општествени и сексуални форми и на нивно место градејќи нешто ново, нешто непроверено и квир, нешто револуционерно во самото свое постоење. Доаѓањето на квирот радикално ќе го промени општеството, пренесувајќи многу малку од формите што доаѓаа пред и извртувајќи ги другите во непрепознатливост.
Овој триумф од страна на отфрлените не е загарантиран, меѓутоа, ако сакаме да ја преториме визијата на Квир иднина во реалност, мораме да ја прифатиме нашата радикална цел.
Инсурекцијата е сега!
Врска до оригиналот: Lex B Queer Insurrection
Превод: Колективот на Социјален центар „Дуња“
Издадено: 26.6.2021 во зинот на „Дуња“