If you want to support the USA, you are all welcomed, btw, rest in peace in the process.
Ирачкиот парламент побара од САД план за напуштање на земјата по гласањето со 170 гласови од вкупно 320 пратеници. Во Парламентот не беа присутни Сунитите и Курдите. Резолуцијата, секако е процес за развој на идните настани, мирни или крвави. Ирак е земја со доминантно три етничко-религиски ентитети, Курди на север околу градот Ербил, арапски сунити и мнозинството во Ирак од 60 до 65 проценти од населението, имено, арапски шиити. Овие Шиити не се Персијци, голем дел од нив се Арапи.
Курдска автономија во Сирија, со курдска автономија во Ирак, не и се допаѓа на Турција, затоа што голем дел од Курдите живеат на територијата на Турција и тоа мириса на нов државен субјект, којшто е во интерес на Курдите, но и на Израел, а во одредена геополитичка констелација и на Америка. Сепак, не гледаме дека САД активно работат на формирање на нова држава. Курдското прашање, за жал виси во воздухот и не е решено и датира од распадот на Отоманската империја и несреќните договори на Големите сили во периодот по Првата светска војна за Блискиот Исток, како Договорот од Севрес од 1920 година, по којшто следи и Договорот од Лозана од 1923 година, во којшто учествува и Ататурк на националистичка линија.
Коментар на мапа: Британците и Французите им ветија држава на Арапите, по уништувањето на Отоманската империја. Првата светска војна уништи две фатаморгани, имено, Австроунгарската и Отоманската империја. Тоа го отвори патот за арапска држава, во којашто не влегуваат Египет и Иран. Египет, поради тоа што Европјаните сакаат да имаат директна и стратешка контрола над Суецкиот канал, којшто е оригинално граден од францускиот дипломат и капиталист Фердинанд де Лесепс, во период од 1859 до 1869 година, а Иран не е дел од планот поради шиитската популација. Идејата за формирање на Израелска држава по Холокаустот, на линија со Англија, е исто така дел од раскршувањето на протекоторатите со линии на разграничување.
Constructing context
Хронологија на „неколку“ настани формира контекстуална лимитирачка рамка на противоган за отфрлање на останати коерцивни дисконтинуирачки дискурси, но, сепак хронолошкиoт метод како симпатичен синџир од настани делува убедливо:
– Ненси Пелоси поднесе барање за отповикување на Трамп во Конгресот,
– Трамп уби човек како одговор на одлуката за импичмент во Конгресот,
– 100 луѓе умреа во стампедо во милионски собири при погребните церемонии на Касим Сулејмани низ цел Иран,
– Трамп се закани дека ќе бомбардира 52 културно-историјски места од светско значење во колевката на цивилизацијата, древната Персија, имено, под претпоставка на точни информации од ЦИА дека длабоко „андерграунд“, во пештери, Иран работи и развива апарати за мирнодопски и воени цели,
– ракетен контраудар на Иран врз бази на САД во Ирак,
– рушење на патнички авион по грешка од страна на Иран, со 176 мртви.
Но, „контекстот“ на односи меѓу САД и Иран може да го проектираме од рушењето на Мосадех од 1953 година од страна на ЦИА и МИ6, според тоа, во овој судир на џинови со планирани ресурси преку пола век, простор или место за супермали европски земји или воопшто за европски земји, нема, освен како колатерална штета.
Мосадех, да не заборавиме, дојде на власт со голема помош од Исламската партија, којашто две децении подоцна го сруши Реза Пахлави 2, со истурениот водач на иранската десничарска револуција, Хомеини. Револуциите, да повториме, доаѓаат исклучиво од радикално лево или од радикално десно. Хомеини работеше на превратот седнат на персијски килим во лотос позиција од Франција. Во таа смисла се и француските и англо-саксонските влијанија врз Иран, пред и по револуцијата од 1979. Влијанието врз Иран, од друга страна во време на Втората светска војна е на линија на хитлеровата нацистичка идеологија со „барање“ на ариевски корени во Персија, коишто репродуцираа наратив на расна супериорност во однос на Евреите со антисемтизмот, „жолтите“, „африканците“, што доведе до Аушвиц и Холокаустот.
CIA knows
Никој не се сомнева дека ЦИА знае. Но, што ако ЦИА знае? Америка има многу убави и многу нови машини, полирани со полир-пасти, но Иран има исламски мотивирани парамилитарни војски коишто Касим Сулејмани ги поддржуваше, организираше и формираше во последните декади; Јемен, Ирак, Сирија, Либан.
Парамилитарните милиции низ Ирак коишто се под команда на водачи како ликвидираниот ал Мухандис, близок соработник на Касим Сулејмани, според процени на повеќе страни има 150.000 (сто и педест илјади) луѓе под оружје во разни формации. Во таа смисла, Ирак е тампон за Иран, и под силно влијание на Иран, но и поддшка за Сирија на Башар ал Асад и Либан како и „бетонска“ блокада за врховнот непријател на Иран, Саудијска Арабија. Ако САД не се повлечат од Ирак, парамилитарните структури можат да преминат во состојба на масовно мобилизирање на ирачкото население со неколку милиони луѓе коишто ќе бараат да се почитува волјата на народот.
America out, Iran in
Да ја поправам формулата од претходната процена кодирана според стандардите на НАТО со проектирани планови за окупации на земји, именувана како „Окупација Иран“, имено, Адмирал Лорд Вест на 6 јануари 2020, напиша дека за да се окупира Иран ќе бидат потребни 1.000.000 (1 милион) војници, со тоа што ќе мора да се прави тоа што се правеше за време на Виетнам, имено, задолжителна мобилизација за војна на сите коишто можат да носат пушка, при што за рушење на власта во Иран секако ќе бидат жртвувани илјадници војници. [1] [2]
Министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ив ле Дријан, изјави дека Иран ќе има нуклеарно оружје за една до две години, ако не се почитува седумпартитниот договор, меѓу Иран со 5-те членки на Советот за безбедност при ОН и Германија, од којшто САД излезе, а и Иран го напушти пред неколку дена. [3] [4]
The Iranian rocket science
Тука, да се потсетиме што значи вселенска програма во светски рамки. На пример, „Вселенската програма на САД“, којашто во шеесетите ја водеше Вернер фон Браун, со пандан во Русија со „Вселенската програма на СССР“ којашто ја водеше Королев; тоа е и ракетно-нуклеарната програма на Иран, којашто Иран почна да ја развива по војната со Ирак во деведесетите години на минатиот век, поради конкретна причина и одговор на тоа што Ирак континуирано го бомбардираше Иран за време на осумгодишната војна. По војната, Иран реши самостојно да развие ракетна наука со конкретни апликации за репродукција на ракети, за да може во иднина да се брани во случај на напади од непријателски земји. Денес, Иран има залихи на ракети со краток и среден дострел (процена под 20 илјади ракети), со надградба дека наскоро во арсеналот може да биде додадено и нуклеарно оружје коешто ќе може да се монтира на ракета носач. [5]
Убиството на Касим Сулемани ја проектира иднината на Иран и на Блискиот Исток во насока којашто го ослободи Иран да се лансира од нова платформа. Ликвидацијата на Сулејмани, според тоа не е тактичка, туку стратешка грешка на САД, имено, САД повеќе не се пожелни на Блискиот Исток и прашање е на време кога војските на САД ќе ги снема од регионот, после двесетгодишната опустошувачка катстрофа што ја оставија зад себе војски од „западот“ во меѓупросторот од Афганстан до Либија. САД контролираат бази, но територијата помеѓу базите не можат да ја контролираат. Но, контролираат диктатури низ целиот регион со механизми коишто не се корумпирани само на ограничување, заградување и контрола на физички простор.
Saddam Hussein’s death by capital punishment
Садам Хусеин владееше со Ирак со секуларни елементи, но како сунитски муслиман врз мнозинското шиитско население. Бахреин е сличен пример, како уставно дефинирана „монархија“ којашто е збир на педесетина сунити од една фамилија, коишто владеат со шиитски арапи. Останатите емирати во Персијскиот залив, исто така се фамилијарни диктатури без поддршка од населението и се под притисок за демократизација по примерот на Ирак, со репрезентативна демократија и еквивалентни односи во социјалното милје кадешто мнозинството со волја на народ одлучува со одреден легитимитет. Според тоа, „Арапската пролет“, вети ослободување на угнетеното население во Египет, Либија. И по таа логика, тоа ветување е предетерминирано и следи и во Саудијска Арабија, Емиратите. Така на Садам Хусеин му беше судено и пресудено.
Некаква „демократија“ тропа на врата во Персијскиот залив на начин што превратот во сите овие земји ќе трае вкупно по 2 дена, затоа што „Арапската пролет“ тактички го промаши „Заливот“. Тогаш можеби ќе се чуе гласот на народот. Јас ја поздравувам демократизацијата на овие убиени народи од тортурата на неколку фамилии со континуирана поддршка на окупационата чизма на трупите на САД и сите НАТО сурогати, затоа што ако САД е окупациона сила, тогаш и сите војници од земји коишто живеат и работат во бази во Ирак се работничката војска на окупацијски земји. Според тоа, ако македонски војник ја почитува командната волја на генералштабот на АРМ и не ја почитува волјата по одлуката на ирачкиот парламент, тогаш и Република Македонија е окупацијска земја. Да се надеваме дека „аристократиите“ едноставно ќе пребегаат со авиони кон Европа и дека ќе ги остават ресурсите во владение на народите.
Во очекување на „the Gulf spring“.
…
Референци
[1] https://dailym.ai/2Tb6TSt Адмирал Лорд Вест, However clinical its air strikes and drone attacks, America cannot defeat Iran and implement full-scale regime change without staging an invasion. That would require at least a million pairs of boots on the ground, which would mean a return to conscription – last seen during the Vietnam War – and the likely loss of hundreds or thousands of American lives.
[2] https://en.wikipedia.org/wiki/Conscription задолжително служење војска
[3] https://www.arabnews.com/node/1610916/middle-east Франција, Жан Ив Ле Дријан, изјава
[4] https://docs.google.com/viewer?url=https%3A%2F%2Fwww.europarl.europa.eu%2Fcmsdata%2F122460%2Ffull-text-of-the-iran-nuclear-deal.pdf Joint Comprehensive Plan of Action – JCPOA
[5] https://nationalinterest.org/blog/the-buzz/why-the-world-still-fears-the-scud-missile-21094 SCUD missiles
Кон Окупација Иран
Продолжува…