“Кога револуцијата стагнира, конфузијата преовладува,”вели Џорџ Чичарело Махер, американски професор на Универзитетот Дрексел во Филаделфија во својата најнова статија објавена во Џакобин непосредно пред изборите за Уставотворнотo собрание.
“Среде политичка, економска и интитуционална криза“ продолжува Махер, “многумина во Венецуела како и тие што набљудуваат однадвор не знаат каков заклучок да изведат. ”
Махер смета дека наместо да се напушти Боливарскиот процес (национализација, социјални програми, анти-неолиберализам и латино-американска социјална и економска интеграција) со повторување на обвинувањата на големите медиумски куќи дека владата на Николас Мадуро е недемократска, репресивна и дури авторитативна, треба во ваквите тешки моменти револуционрите да размислуваат јасно и да ја поведат борбата напред. Овој познат северно-американски експерт на политичката ситуација во Венецуела смета дека покрај недостатоците во организирањето на изборите (дебатата дали “народот” според член 347 или “претседателот” според член 348 ги распишува изборите), сепак во Уставотворното собрание предвидено е покрај 364 регионални претставници да влезат и 8-мина кои ќе ги претставуваат домородците како и 173 дополнителни претставници на разни сектори како работници, земјоделци, студенти, луѓе со специјални потреби и пензионери. Ова собрание по изборите ќе го ревидира уставот по втор пат од почетокот на Боливарската револуција којашто започна со доаѓањето на Хуго Чавез на власт.
Според Махер победата на десницата би значело во најмала мерка воведување на мерки со кои драстично ќе се намалува јавната потрошувачка, или пак избувнување на граѓанска војна. Махер укажува дека водачите на десницата доаѓаат од најреакционите елементи од старата елита и се производ на алијансата со Латинско американскиот фашизам под водство на Алваро Урибе, водачот на колумбиските ескадрони на смртта. На оваа тема Махер има пишувано во својата книга Изградба на Комуната. Нивното враќање на власт ќе значи воспоставување на капитализам кој би функционирал беспрекорно преку брутални репресивни мерки. Опозиционите недемократски аспирации, според Махер, се прикриени со повици за воспоставување демократија. Махер потсетува дека соборците на Чавез беа прогонувани и убивани за време на воениот удар во 2002. Во неодамнешните протести низ Венецуела беа линчувани Чавистите, насилство кое денес опозицијата за време на своите протести го насочува кон сиромашните и оние со потемна боја на кожата.
Махер забележува дека масите во Венецуела под власт на Мадуро ја немаат политичката моќ, но дека последните 20 години тие се приближуваат кон тоа да ја преземат власта. Нивните непријатели, заклучува Махер, се на улиците каде што палат и уништуваат во името на нивната класна супериорност. Според Махер единствениот пат да се радикализира Боливарскиот процес е да се прошири радикалниот демократски социјализам отелотворен во грасрут комуните. Единствениот излез од кризата, вели Махер, лежи во левицата и создавањето на вистинска социјалистичка алтернатива.
Целосната статија објавена во Џакобин погледнете ја тука