Изестување до јавноста

Редакцијата на Гласник ја известува јавноста дека испрати писмо до главниот и одговорен уредник на Хрватската радиотелевизија господинот Казимир Бачиќ со молба и барање содржините од новата емисија на третиот канал на ХРТ да бидат објавени на интернет со цел македонските ученици да можат да следат настава додека се во карантин.

Воедно ја известуваме јавноста дека ние сметаме дека и во време на пандемии не смее да запри ширењето на просветата и културата, а особено не смее да запри во дигитална ера. Оттаму ги повикуваме сите службеници во Министерството за образование и наука, главните и одговорни уредници на Македонската радиотелевизија да пристапат кон остварување на ваков проект и во Македонија.

 

Примерот на приватните училишта кои држат дигитална настава нема да можат да го следат учениците во јавните воспитно-образовни установи во Македонија, па ова е одлична можност сите ученици да се задржат дома, а да научат нешто ново.

Гласник смета дека ширењето на мислата, зборот, науката, просветата и културата не смеат да запрат во дигиталната ера. Воспитно – образовниот процес мора да продолжи и преку радио, телевизија и интернет.

|2020-04-11T21:04:34+00:0016 март 2020|Актуелно, Вести, Култура|