Во време кога Иран се обидува да се справи со пандемијата на корона-вирусот, министерот за надворешни работи на Иран Мохамед Јавад Зарив испрати јавно барање за прекинување на санкциите за Иран и медицински материјал.
Зарив на 12 март објави на твитер дека напорите да се спречи ширењето на вирусот „се дестимулирани од огромните кратења на лекови и/или опрема предизвикани од рестрикциите врз пристапот на нашиот народ до нив“. Тој продолжи, „Вирусите не дискриминираат. Не треба ни човештвото.“ твитот беше пропратен со листа од најитните работи потебни за справување со кризата, многу од нив апарати за вештачко дишење и основни медицински потреби, како на пример ракавици и маски.
Зариф напиша и писмо до Генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш повикувајќи за крај на санкциите од САД кога Иран се бори со болеста. Во писмото, Зариф санкциите на САД ги нарече „пречки за продавањето на лекови, медицински помошен материјал и хуманитарна стока.“ Тој кажа дека неможноста на Иран да продава нафтени деривати, комбинирано со банкарските и осигурувачките санкции влијаеа на способноста на државата да им обезбеди субвенции за основните потреби.
Иран презеде дополнителен чекор и го праша Меѓународниот монетарен фонд за пари за борба против корона-вирусот. Гувернерот на Иранската централна банка, Абдолнасер Хемати пак, напиша дека државата побарала од ММФ 5 милијарди американски долари. Хемати кажа дека одговорот на ММФ ќе биде „добар критериум“ за да се просуди дали тврдењата на ММФ дека е подготвена како институција да им помогне на државите да се изборат со вирусот се вистинити.
Ширењето на корона-вирусот во Иран не покажа знаци на стагнација. Последните 24 часа пријавени се повеќе од 1.000 нови случаи, а до сега имало 10.078 потврдени случаи на пациенти со корона-вирус од кои 429 смртни случаи, согласно портпаролот на Министерството за здравство на Иран Киануш Јаханпур. Повеќе случаи се концентрирани во провинциите на Техеран, Гилан и Мазандаран, но сите 31 провинции на Иран имаат регистрирано случаи на пациенти со вирусот.
Исто така Јаханпур ги негираше извештаите дека државата ќе става градови под каратин или дека ќе затвора бензински пумпи спротивно на гласините дека рачките на пумпите го шират вирусот. Голем број на државници вклучувајќи и пратеници повикаа за ставање во карантин на поголемите центри на епидемијата, но владините службеници одбија да преземат такви драстични мерки.
Министерот за здравство на Иран Саеед Намаки најави дека наместо лицата кои имаат симптоми да доаѓаат во болниците, Иран сега ќе се обиде пациентите за вирусот да ги тестира во центри за тестирање. Намаки кажа дека овој план ќе биде спроведен во 4 провинции и наскоро ќе стане национална програма. Тој додаде дека сега има 50 такви центри и дека до наредната седмица ќе има 80 такви. Според Намаки, во последните два дена биле „проценети“ 3,5 милиони луѓе. Од нив, на 1.200 им било препорачано да бидат „набљудувани“.
Превод: Никола Шиндре
Изворниот текст можете да го најдете тука.
Во продолжение следува линк до фандрејзинг страницата за Иран, каде се собираат средства-донации за помош на Иран, држава којашто е четврта држава според присуството на Корона-вирусот, а истовремено е под санкции.
https://m.facebook.com/nt/screen/?params=%7B%22fundraiser_campaign_id%22%3A3333224836694055%2C%22source%22%3A%22feed%22%7D&path=%2Ffundraiser%2F&_rdr