Невнимателното отворање врата од автомобил е еден од најчестите причини за повреди на велосипедисти. Како на овој проблем се пристапува во Велика Британија и Холандија?
Британската граѓанска организација Cycling UK повикува на поголема свест за опасноста од невнимателното отворање врати на автомобилите. Овој феномен се нарекува “dooring” и во Велика Британија е казнлив со максимална казна од 1000£ казна (1100 евра) дури и кога несреќата резултира со смрт!
„Некои луѓе мислат дека проблематизирањето на отворањето врата од автомобил е шега, но тоа не е и може да има сериозни последици.“
„Cycling UK сака да види поголема свесност во врска со опасностите од отворање на вратата на вашиот автомобил небрежно, и луѓето да бидат охрабрени да се погледнуваат пред да отворат врата.“
„Холанѓаните се познати по практикување на метод, познат како „Холандски фат”, за кој сметаме дека може да биде успешно охрабрен во Велика Британија.
„Холандски фат“ е отворање врата од автомобилот со подалечната рака. На тој начин телото е принудено да се сврти и природно ни доаѓа да погледнеме наназад пред да ја отвориме вратата. На тој начин може да се избегнат многу несреќи. Овој вид на отворање врата го носи тоа име зашто во Холандија е задолжителен дел од обуката на новите возачи.