Почитувани ви ги пренесуваме денешните пораки од 2050 година за 1 Мај.
„Знаеме дека ви е Први мај без скара, но треба да знаете дека набрзо по пандемијата ќе ви почне и гладта. Таа е полоша од пандемијата… ѝ претходи на сушата. Денес е сосема поразлично, а само 30 години сме подоцна од вас.“
…
„Немојте да мислите дека нам животот ни е лесен, но знајте дека нам животот ни е полесен од вашиот затоа што вие се кренавте драги дедовци наши! Имате уште цели 17 години додека да кренете востание против капитализмот.“
…
„На вашата борба ќе се приклучат и рударите од Босна и Бугарија, но тоа дури во 2041 година. Педерите и партизаните конечно се помирија во 2045 година, денеска Единицата за хигиена и чистота е управувана од првоборците на 2040 година.“
…
„Луѓето кои живееја од копање по контејнери и ѓубре, нема да добијат статус на вработени работници уште цели 15 години. Декада и половина никој од вас нема да стане за нив. Почнете мислете на тоа.“
…
„Ги учиме младите на нашата историја и им кажуваме дека оваа комуникација ја остваривме затоа што жените дури во 2039 година скокнаа против газдариците. Тие ја испишаа феминистичката историја на нашата класа.“
…