(Фото) Агитатори на ксенофобичното движење „Будење“ на „Културно лето Карпош“

СКОПЈЕ, 23.08.2017 – Во рамките на „Културно лето Карпош – 2017“ синоќа, пред Т.Ц. „Лептокарија“ биле поставени штандови на ксенофобичната кампања „Будење.“ Левичарското движење „Солидарност“ утринава на својата фејсбук страна објави аматерски фотографии пратени од загрижени граѓани на кои јасно се гледа како активистите на ксенофобичната кампања непречено агитираат

ЛДС „Солидарност“, на својот фејсбук профил ги објавија фотографиите на кои се гледа дека, има бина и стотина посетители за време на манифставијата Културно лето Карпош, а веднаш зад бината стои штанд на, како што велат, расистичка иницијатива, која повикува на референдум против мигранти.

„Општина Карпош, дали овој штанд синоќа беше официјален дел од манифестацијата?“, прашуваат од ЛДС „Солидарност“.

Како што претходно известивме, ксенофобичната кампања „Будење“ веќе се рашири низ неколку градови во Република Македонија. Кампањата „Будење“ преку манипулации се обидува да предизвика страв и омраза на верска и расна основа. Иако официјално кампањата се претставува како непартиска, повеќе високи функционери на десничарската ВМРО-ДПМНЕ изразија јавна подршка на истата. Некои аналитичари сметаат дека оваа кампања е вовед во кампањата за локални избори. Во недостаток на програма и политички неизвалкани кандидати, се чини дека единствената изборна стратегија на ВМРО-ДПМНЕ е обид за добивање гласови преку поттикнување на омраза и страв.
Со општина Карпош владее контроверзниот градоначалник Стевче Јакимовски, одметник од СДСМ и основач на ГРОМ. Партијата ГРОМ во јавноста беше поврзувана со обидите за формирање на про-руска партија во Македонија, помогната од контроверзен руски бизнисмен. Партијата требаше да ги вдоми про-руските, националистички, анти-западни елементи од ВМРО-ДПМНЕ, со цел партијата да се „испере“ од анти-западниот, албанофобен и проруски имиџ кој го стекна во времето на двегодишната политичка криза.

Сè уште не е јасно дали партијата на Стевче Јакимовски ГРОМ, и општина Карпош, на некој начин стојат зад кампањата „Будење“.

 

|2017-08-23T09:58:31+00:0023 август 2017|Актуелно, Вести|