Има две екстремни позиции во однос корона вирусот и мерките кои се преземаат.
Ќе наведам само два примери:
1.
Од една страна имаме поддршката на забраните за движење кои значат забрана за движење во природа, 120 часовен полициски час е во тек, двонеделен lockdown не е исклучен доколку наложи состојбата или се оцени дека е неопходно.
Од друга страна имаме демонстрирање апсолутно слободарски дух ценет низ слободата на движење и собирање, кој дух повикува во еден правец на уживање на граѓанските права, во друг правец уживање на верските права, во трет случај се работи за револт против полициската држава и апсолутната контрола итн итн.
2.
Од една страна имаме потреба од рационализирање, преку верба во професиите, верба во професионалноста и независноста од политички влијанија кога е во прашање најсновното – здравјето, што значи потреба од верба дека она што го зборува СЗО или министерот за здравство е вистинито, чесно, издржано, оттаму мерките колку и да бидат престроги, ако се неопходни – исправни се и треба да се почитуваат без приговор.
Од друга страна имаме потреба да сме сомничави. Знаеме оние што не’ владеат, колку им е гајле за човечкиот живот (мислам на меѓународна сцена, зошто при глобален феномен локалните владетели се отворено чиновници во глобалната хиерархија).
Го имаме предвид минатото, имаме предвид како лесно се наоѓа повод за војна. Дури и да се работи за вовед во т.н мирна трансформација, ја имаме предвид транзицијата која се спроведе во многу земји без отпор и без војна.
Ја имаме предвид и сегашноста, имаме предвид колку милиони (меѓу кои стотици илјади деца) умираат од глад и излечиви болести секоја година, истовремено кога воените буџети се зголемуваат до незамисливи цифри.
Значи сосема може да сме во право кога длабоко во себе помислуваме дека зад завесата се одвива прљава игра, кога оние што не’ владеат, наводно наеднаш “почнаа да се грижат“ за постарите лица и хронично болните, па во нивен интерес воведна е полициска држава налик на први недели од окупација.
Епилог:
Ова се две екстремни позиции во однос на корона вирусот и мерките кои се преземаат.
Вистината е некаде измеѓу…
Ако е на средина, тогаш сите сме (делумно) во право.
Пример: вирусот не е лабораториски создаден, т.е спонтано како и во минатото е раширен, единствен начин за се спречи ширењето е времена изолација меѓу луѓето, но самата појава од глобални размери ќе ги размрда државите или класите кон промена на статус квото…
Но ако вистината е баајги поблиску до некој од екстремите, тогаш дел од нас е комплетно во заблуда…
Текстот е првично е објавен како статус на фб профилот на Зоран Василевски.