Во петокот вечерта група на активисти го окупирале познатиот берлински театар Volksbühne. Активистите велат дека се одлучиле на оваа акција како револт против гентрификацијата и преземањето на културните објекти од страна на приватните инвеститори.
„Го признаваме ослободувањето на овој простор и последователната самоуправа како уметнички, а со тоа и политички акт: градот е театар, театарот е град,” изјавил еден претставниците на групата за берлинскиот дневен весник Der Tagesspiegel.
Целта на активистите е да го окупираат театарот, чие име во превод значи „Народна сцена“ во текот на наредните три месеци. За тоа време тие сакаат таму да создадат „анти-гентрификациски центар“ и „парламент за бездомните.“
Берлинскиот сенатор за културна политика, Клаус Ледерер, ги критикуваше активистите на својата Фејсбук страна. Иако признава дека „борбата за слободен простор е важна и неопходна,” тој рече дека ова не може да се случи ако постојните слободни простори се „приватизираат” и се ставаат под „конфискувана контрола”.