Редакцијата на „Гласник“ ги објавува во целост барањата на протестот против поскапувањето на цената на електричната енергија одржан денеска до Владата.
До: Влада на Република Северна Македонија
Предмет: АДРЕСИРАНИТЕ БАРАЊА ВО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА од страна на Организацискиот совет на протестот во Скопје против зголемување на цената на електричната енергија од Регулаторната комисија за енергетика
- Итно поништување на последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика за зголемување на цената на електричната енергија.
- Владата да ја распушти Регулаторната комисија за енергетика, тело што им служи на интересите на деловните групи и корпорации на грбот на граѓаните.
- Формирање независно арбитрарно тело во служба на граѓаните за да се провери квалитетот на енергетските услуги.
- Владата на Република Северна Македонија да ги врати приватните компании за дистрибуција на електрична енергија под државна администрација.
- Намалување на цената на електричната енергија за 46 % (отстранување на 33 % од цената за ангажираната моќност која до пред неколку години во сметката за електрична енергија беше посебна компонента и потоа вклучена во општата цена, а попустот ДДВ од 18 % на 5 %).
- Владата на Република Северна Македонија итно да го раскине неславниот договор со ЕВН, приватниот дистрибутер на електрична енергија во РСМ, кој со години го злоупотребуваше монополот даден од Владата.
- Простување на сите камати од сметките на ЕВН што граѓаните до сега не ги платиле бидејќи сметаме дека високите сметки генерирани од ЕВН се главната причина за нивно неплаќање на време. Со оглед на високата цена на електричната енергија со порастот на цената за повеќе од 230 % во последните 14 години, сметаме дека граѓаните плаќале и камата и камата над камата со плаќање на тие сметки. Затоа камата за тие астрономски сметки ја сметаме за незаконска и законски грабеж.
Ви благодариме за разгледувањето на нашите барања!
Со почит,
Организациски совет на протестот во Скопје против покачувањето на цената на електричната енергија Илир Речи (координатор), Бехар Шахири (заменик координатор), Омер Фејзуллаху, Фатмир Мифтари.
Скопје, 6.8.2020 година.