„Гласник“ деновиве ќе објавува логички лекции во кои што ќе бидат доближани до публиката логичките функции преку нивната потсвесна употреба во македонските народни мудрости. Првиот дел од овој серијал ќе биде наменет за логиката на исказите.
Терминот „логика“ прв пат се среќава кај познатиот антички философ Аристотел во неговото дело „Органон“ и под тој поим тој подразбирал правилно, а не убедливо докажување и за тоа се залагал. Така, почитувани читатели не очекувајте веднаш да сте убедени при читањето на оваа популарна анализа, туку обидете се правилно да ги увидите мудрите изреки на народот.
Како и секоја дисциплина и логиката има своја дефиниција, а општо прифатената, според познатиот македонски логичар Јонче Јосифовски, е дека таа е наука за логичките форми, нивното формирање и трансформирање (се мисли на формалната логика). Логички форми, пак се секогаш вистинитосните искази како на пример: „Врне или не врне!“, а се нарекува тавтологија.
Во логичка смисла на зборот исказ пак се подразбира реченица со која што нешто се тврди или се одредкува и според тоа таа поседува одредена вистинитосна вредност, смета Виолета Панзова уште една позната покојна македонска логичарка и философина. Во таа смисла логиката на исказите ќе се занимава со проучување на исказите, особено сложените искази и односот помеѓу основните искази од кои што тие се содржат. Но, овие искази за разлика од погоре споменатиот „Врне или не врне!“ не се секогаш вистинити, односно може да бидат некогаш и лажни или пак секогаш лажни, а тие се нарекуваат контрадикции.
Начинот на кој што се поврзуваат повеќе основни искази како на пример исказот „Врне.“ и исказот „Не врне.“ се одредува со помош на исказен сврзник, односно оператор, а овој пат ќе се запознаеме со операторот негација.
Исказот „ЈАС СУМ.“ може да се негира со зборот „не“ и со тоа тој би станал негација на основниот исказ и би гласел „НЕ СУМ ЈАС.“. За да продолжиме исказот „ЈАС СУМ.“ ќе го означиме со p, а исказот „ЈАС НЕ СУМ.“ со ~ p.
Со негацијата се добива прост сложен исказ, а таа се означува со знакот „~“. Таа е вистинита кога основниот исказ е лажен, а пак лажна кога основниот (негираниот) исказ е вистинит. Нејзината таблица на вистинитоста е следната.
ЈАС СУМ.
(p) |
НЕ СУМ ЈАС.
(~ p) |
НЕ НЕ СУМ ЈАС.
(~~ p) |
В | Л | В |
Л | В | Л |
Од ова може да се заклучи дека двојната негација ја дава вистинитосната вредност како и основниот (елементарниот) исказ.
Прашања за размислување:
- Кој сум јас?
- Што сум јас?
- Каков сум јас?
- Дали на прашањето кој е задолжен за национализација на индустријата ќе одговорите со „ЈАС СУМ.“ или „НЕ СУМ ЈАС.“
Следната лекција ќе биде за дисјункцијата.