Дијалог со Салија Беќир Халим по повод Светскиот ден на менопаузата
Да се биде жена во нашата држава е мачно, а особено да се биде жена Ромка од Општина Шуто Оризари, заборавената општина во Градот Скопје. Гласот на дискриминираните и опресираните треба секогаш да биде чуен, а тие треба да знаат дека имаат поголемо право од другите да се искажат за сè што ги мачи. Така Салија се согласи да разовара за проблемите на жените Ромки, а со тоа да одекне ласот од марините кон општата расправа за подобро општество.
Никола Шиндре: „Салија, во нашето општеството Ромите се секогаш исклучени. Сè уште постојат стереотипи и предрасуди, а системот продолжува да ги опресира. Што е она што на Ромите им смета и како тоа да се промени?“
Салија Беќир Халим: „На нас Ромите многу работи ни се препрека. Кога велам многу мислам на навистина многу од најосновните за кои многумина се чудат кога ќе слушнат, но ќе смоменам неколку: пристап до вода и канализација – во многу делови од нашата држава ромските маала немаат пристап до вода, образование и сиромаштија (овие се заедно) точно поради тоа што многумна велат образованието е достапно за сите, но за ромската заедница не е така, а токму поради фактот дека живеат на маргините без соодветни основни услови за живот каде што не можат да си ги дозволат потребните материјали за училиште (сега со пандемијата, само во Шуто Оризари има 1.300 деца во основните училишта кои што немаат ит опрема за следење на онлајн настава), а тука е и сегрегацијата и дискриминацијата.
Здравството – каде на многу роми им е ускратено правото на еднаков квалитет на здравствени услуги. Само за пример, во Шуто Оризари каде живеат 8000 – 13.000 жени во репродуктивен период нема матичен гинеколог, а во самата општина има само три матични општи лекари, а се наоѓаме сред пандемија.
Кога ќе ги согледаме сите овие факти навистина болат зборовите како: „Бегај Циганката ќе те украде!“ или погледите кои веднаш те осудуваат дека ти само поради тоа што имаш различна боја на кожа и понизок социјален статус, а те осудуваат како најголем престапник и некој кој не заслужува никаква почит.
Само за информација зборот „циган“ значи нечист и недопирливив!“
Н. Ш. Не е коректно да се прават паралели со други системи, но гласот на црнките во Америка долго време не беше чуен сè додека не почнаа да се борат за своите економски права. Како Ромките да почнат да се расправаат за своите економски и социјални права, како да ја водат борбата преку која ќе се стекнат со економски слободи?
С. Б. Х. И тоа како треба да се прават истите паралели со гласот на Ромките и јас не би кажала така туку жените кои припаѓаат на црната раса во Америка.
Навистина е тешко жената Ромка да собере храброст и јавно да говори за сите проблеми и препреки со кои се соочува. Во денешно време има многу Ромки кои што се успешни во своите професии, но сепак бројот на гласните жени е многу мал, мислам на активистките. Токму и поради нив се трудиме со позитивни примери да влијаеме за да ги мотивираме за да се изборат за правата на жените во сите сфери а особено за еконмските и социјалните права.
Јас велам дека да си жена и Ромка е да живееш со повеќекратна дискриминација и навистина не е лесно да се избориш самата ти, но откако ќе се избориш веќе стекнуваш самодоверба и животното искуство те надградува за понатаму да застапуваш за сите останати жени.
Н. Ш. Во Шуто Оризари нема лекар – специјалист по гинекологија и акушерство, но такви лекари фалат и во другите населени места. Тоа, може да се каже дека е последица на класните законски решенија кои што не гледаат подалеку од својот двор. Како да се променат овие состојби во здравството?
С. Б. Х. ДА, навистина има проблем и во другите населени места со недостигот на матични гинеколози во нашава земја и тоа не треба да биде така сите треба да имаат пристап до примарна здравствена заштита. Матичниот гинеколог спаѓа во примарно ниво на здравство, но од голема потреба е да има гинеколог во самата општина, прво заради бројот на жени кои се во репродуктивен период, потоа поради неможноста на финансиски средства да посетуваат во другите општини. Семејствата во Шуто Оризари живеат претежно со ниски или никакви примања, невработеноста е висока, па оттука и потребата да имаат гинеколог во самата општина.
Решавањето на долгогодишниот проблем со немање на матичен гинеколог во Шуто Оризари е во постапка. Иницијативата на жени од Шуто Оризари учествуваше во застапувањето со надлежните институции како Министерство за здравство, пратеничката Љатифе Шиковска и градоначалникот на Општина Шуто Оризари. Во моментов има заинтересиран гинеколог кој ги подготвуваа потребните административни работи коишто во наредниов период од еден месец треба да стартува.
Н. Ш. Ромките трпат повеќеслојна дискриминација, по основ на бојата на кожата, етничка, родова, но и класна. Како да почнат да се решаваат овие проблеми во моментите кога институциите на системот не ги препознаваат, а истовремено ве врамуваат и казнуваат?
С. Б. Х. Секако потребни се големи вложувања во промовирање на мултукултурно општество, работа со административните работници во институциите за промена на наративот кон Ромите, еднакво вработување во клучните институции со останатите националности и тоа секако со запазување на родовата еднаквост за жените. Ние како заедница и како народ сме секогаш отворени за градење на соживот, само треба навистина да ни се укаже можност и помош и од останатите заедници за заеднички да опстоиме во нашата држава.
Н. Ш. Деновиве се споменуваа многу иницијативи за менструална хигиена низ просветните установи. Како може да се води грижа за здравјето и хигиената кога некој не е здравствено и социјално осигуран?
С. Б. Х. Секако ова е табу тема за разговор на многу жени коишто не можат да си дозволат менструална хигиена, па така и во ромската заедница има потреба за јавно говорење и поголема свесност за достапноста на хигиенските средства.
Многу ромски девојки и жени живеат на прагот на сиромаштија и не можат да си ги дозволат месечните трошоци околу менструалната хигиена. Ние имаме информации за тоа, но сепак потребни се дополнителни истражувања за тоа како да се застапува за институциите да им излезат во престет на овие жени.
Н. Ш. Многумина жени борци за правда ја оставаат борбата затоа што се уморни или пак затоа што веќе не веруваат во промени. Како да се радикализира борбата за да може некоја друга жена да се мотивира и да се приклучи?
С. Б. Х. Секогаш кога имам прилика да разговарам со младите жени и девојки се трудам да им ги доловам позитивните исходи од борбата за некое застапување за остварување на некое право.
Нема поголема сатисфакција од мене ако успеам на некоја девојка да и помогнам да се стекне со право на здравствено осигурување и социјална заштита. Во иницијативата на жени од Шуто Оризари постојано имаме нови млади членки кои ни се приклучуваат и со низа на обуки се градат капацитети и вештините. Сите овие обуки се реализираат со техничка помош на ХЕРА – Асоцијација за едукација и истражување.
Н. Ш. За крај, нашите генерации нема да го дочекаат светлиот ден. Што сакате да им порачате на младите девојки? Како тие да продолжат да се борат и што е она што го научивте вие и сакате да го пренесите?
С. Б. Х. Патот за остварување и борбата треба да продолжат, јас секогаш велам избори се прво сама за себе, кога тоа ќе го направиш можеш да се избориш и за останатите. Самодовербата на жената и желбата се клучните фактори за градењето на личноста и борбата за рамноправност.