На денешен ден, 5.8.1993 година Владата на Царството Јапонија конечно призна дека принудувала жени да работат во воени бордели од 1932 до 1945 година. Окулу 200.000 жени и млади девојки, повеќето од Кореа и Кина, но заедно со други од Јапонија, Филипини и некои европски доселеници од Холандска Индонезија биле киднапирани или намамени и испратени во повеќе од 100 бордели наводно за да се спречат појави на масoвни силувања како што се случиле за време на масакрот во Нанџинг.
ООН проценува дека 90 % од т.н. „комфорт жени“ ( анг. comfort women) умреле за време на Втората светска војна, но некои преживеале и биле доволно храбри за да ги раскажат нивните приказни што било клучно за обелоденување на овие пракси затоа што јапонските власти уништиле голем дел од нивната документација. Другите пак, се самоубиле поради срамот кој што го чувствувале. Покрај тоа што сексуалното ропство е признато, многу јапонски политичари и националисти денес повторно се обидуваат да негираат дека воопшто постоело.
Откако Јапонија била поразена, јапонските власти основале домашни бордели за потребите на окупациските трупи на Соединетите Американски Држави (САД). Некои жени биле регрутирани да работат во борделите под лажни убедувања откако аплицирале за лажни канцелариски работни позиции. Владата на Јапонија и бизнисмените ја управувале новата мрежа на бордели под капата на Рекреациската и забавната асоцијација (РЗА) на Јапонија што била основана од страна на Владата. На крајот на 1945 година 70.000 жени работеле за РЗА. Окупациските сили на САД биле добро запознаени дека многу од жените биле принудени да работат сексуална работа со едно воено мемо што кажува „праксата на поробување на девојки за сексуална работа и покрај тоа што е поретка од минатото сè уште постои“, иако не е јасно дали во ова мемо тие ги вклучиле и поробените жени од окупираните територии на Јапонската Империја. Со поплаки од воените старешини, распрснати сексуално-преносливи инфекции низ борделите и страв од критики во домашната јавност, Армијата на САД ги исклучила од употреба борделите на 25 Март, 1946 година.
Превод: Никола Шиндре
Извор: Working Class History