Дарфур е комплексен конфликт.
За тоа постојат 3 двигатели:
- етнички, поради историјска нетрпеливост коjaшто лесно експлодира во насилство,
- нафтени интереси на тие што плаќаат, а во последните 20 години тоа е Кина,
- опустинување или уништување на зелените простори и населени места таму каде што порано немало пустина.
Судан е „компилација“ од три региони со три различни населенија коишто Англија ги вкалапила во една земја. поради апетитите на колонијална Англија. Дарфур е третиран како дел од Судан, како колонија на Северот на Судан и како територија на робови. Територијата на Дарфур е со големина колку Франција.
Денес Дарфур има популација над 6 милиони.
Првиот конфликт во Судан е помеѓу двете територии коишто станаа посебни земји од Северот и Југот, но во Судан постои и Источен Судан, чие име е Дарфур или Земја на четири племиња коишто етнички се со црн пигмент, но се сметаат дека се Арапи со муслиманска религија. Дарфур или Земја од четири, не дека е ничија, таа е на луѓето во Дарфур, но како да е заборавена земја. Луѓето во Дарфур се афричко-арапски муслимани што е доста чудна комбинација во однос на исламскиот арапски север и христијанскиот афрички југ.
Според Обединетите нации, од 200.000 до 300.000 луѓе умреле во Дарфур од почетокот на конфликтот во Судан во 2004. Околу 4,7 милиони луѓе се директно погодени од конфликтот, од вкупната популација на Дарфур од околу 6,2 милиони. Само во 2008, според извештај на Обединетите Нации, 300.000 луѓе биле раселени, со што бројката на раселени луѓе станува 2,7 милиони. Половина од погодните од конфликтот се деца; од нив, околу 700.000, популација под 5 години.
Дарфур, не добива ништо во поделбата на приходите од нафтата помеѓу Северот и Југот, за коишто пишував во текстот за Судан, коишто се ставени на хартија и потпишани после двете крвави граѓански војни. Луѓето од Дарфур, сметаат дека во таа поделба треба да добијат малку повеќе од нешто, но ниту Северот, ниту Југот не го третираат тоа барање сериозно, по што, во Дарфур се формираат две востанички групи од кои главна е Sudan Liberation Movement која што се бори против владата од Северен Судан. Појавата на Sudan Liberation Movement е и поради пронаоѓањето на проклетата нафта и поради штитење на интересита на народот на Дарфур. Сепак, луѓе на терен тврдат дека во Дарфур и нема толку нафта како што има на северот и југот, впрочем, велат дека нема воопшто.
Во Дарфур се и злогласните Џанџавид коишто се посочени како главни виновници за злосторствата врз населението во Дарфур. Џанџавид работат како парамилитарни групи во интерес на Владата во Северен Судан под контрола на ал Башир. Злосторствата во Дарфур се од тип, бомбардирање на села со авиони за време на ноќи, а преку ден озлогласените Џанџавид на коњи и теренски возила со автоматски пушки ги десеткуваат преживеаните. Војната и геноцидот во Дарфур траат од 2003 година.
Омар ал Башир и првиот ешалон од војската и разузнавачките служби се директно поврзани со злосторствата во Дарфур и мора да одговараат.
Луѓето од Дарфур одгледуваат и доместифицираат животни и живеат од земјата и коегзистираат со племиња и со религии од соседните земји на северот и југот. Тоа го правеле стотици години. Во последните 50 години Сахара се шири и ги уништува и суши сите предели кадешто постојат зелени територии со извори на води што е огромен проблем за населението на Дарфур.
Потребна е сериозна меѓународна истрага и спроведување на правда пред меѓународни судови за луѓето на Дарфур. На тоа се обврза и Владата на Абдела Хамдок.
Да заклучам, луѓето на Дарфур се различни во однос на Северот и Југот и припаѓаат на посебна територија, којашто можеби треба да постои и како посебна држава.
Земјите коишто имаат потреба од нафта од сиромашни земји ги корумпираат владите на сиромашните земји, а последиците да се дојде по секоја цена до нафтата создаваат конфликти, масакри, етничка омраза, обездомување и осиромашување.
Поврзан текст за Судан, линк со текстот >>> Судан: Kолку повеќе се менува, толку помалку се сменува
Автор: Минанов Кирил