ИСТАНБУЛ/СКОПЈЕ, 17.08.2018 – Додека Турција се дави во економска криза, турската влада донесе итна одлука за експропријација на земјиштето каде е планирано да поминува гасоводот Турски тек, преку којшто резерви на природен гас од Русија директно ќе доаѓаат во државата. Со донесената одлука за експропријација на земјиштето десетици илјади дрвја борова шума ќе бидат исечени. Одлуката е објавена во службен весник на Турција со потпис од претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Проблемот со сечата на Водно за изградба на руски гасовод е скоро идентичен со оној во Турција. Шумите на северот од Истанбул со своите ендемски видови и богатството со вода којашто го напојува градот се неговите бели дробови, исто како што е шумата на Водно за Скопје. Меѓутоа, како и власта предводена од Тајип Ердоган, така и нашата мината предводена од Никола Груевски и оваа предводена од Зоран Заев продолжуваат со уништувањето на зеленилото за сметка на профитот на големите сили и нивните фамилии. Знаеме со колку загаден воздух се соочува народот во Скопје, а не е многу поразлична и ситуацијата со Истанбул. Граѓаните од здружението „Во одбрана на шумите на северот“ од Истанбул се на терен како и нашите од „Го сакам Водно“. Народот е тој кој ќе го каже последниот збор за тоа како треба да се третираат природните ресурси. Тие им припаѓаат на сите нам, подеднакво, а не само на една мала политичка и економска елита.
Згрижените жители од градчињата на границата со Истанбул, Текирдаг и Кркларели, кадешто властите планираат да почнат да градат објекти, патишта и линии за достава на енергија, велат дека под секој услов и притисок ќе продолжат да се борат за својот простор на живеење.
„Експропријацијата и итната експропријација се одлуки кои треба да се разгледуваат според начелото на јавното добро и јавната корист. За жал неразбирливо е, каков вид на јавно добро е уништувањето на шумите, живеалиштата и живиот свет. Уништувањето веќе е започнато во оваа област, која е дел од шумите на северот е целната област на капиталниот проект руски гасовод за природен гас, кој се нарекува Турски тек. Нажалост овој процес на имплементирање на вакви проекти, а кој ќе резултира со геноцид на Тракија, во последно време е начин на водење на политика како на локално, така и на државно ниво. Не се знае уште каде се’ не ќе се извршат експропријации. Нема мапа или листа за тоа колку земјиште ќе влезе во фаза на експропријација. Со вакви нејасни изјави, исто така е неопходно да се нагласи дека голема област за која не се знае точно каде во Кркларели и Текирдаг ќе биде експроприрана. Ако државата не ги штити овие области и ако работи против уставно, токаш ние како здружение „Во одбрана на шумите на северот“ заедно со локалното население, ќе продолжиме да се бориме за овие и слични области“, изјави Ајше Јикиџи од „Во одбрана на шумите на северот“.
Инаку, еко-активисти од разни организации здружени во иницијативата „Го сакам Водно“ заедно со граѓаните, во недела во 10:30 часот, ќе пешачат по сртот на Водно каде што може да се видат местата каде што се стационирани багерите за гасоводната рута. Покрај рутата, од врвот на Водно, граѓаните ќе ја пренесат заедничката порака „НЕ НИЗ ВОДНО“ за зачувување на природното богатство кое воедно е заштитено со закон.
Извор: Cumhuriyet