СКОПЈЕ, 28. 07. 2018 – Активистите на иницијативата „Го сакам Скопје“ со бурна изјава денеска, истапија на фејсбук страницата на иницијативата. Тие, се бунат против градењето на гасоводот кој треба да поминува низ Водно. За утре е најавена прес конференција во 11 часот пред седиштето на Град Скопје во 11 часот.
На Водно продолжуваат со работа багерите и копачите. Водно се уништува, од гасоводот кој ќе поминува низ него, а со ваквиот начин на поставување на гасоводот корист ќе имаат неколкумина.
За утре е најавена прес конференција од страна на иницијативата. Конференцијата ќе се однесува на негодувањето продолжувањето на работата на градежните компании на Водно. Тие, особено го истакнуваат како проблем моментот дека не се копа 10 метри, како што ветуваше вицепремиерот Кочо Анѓушев и не по изменетата траса која би ја намалила штетата, туку по таа претходната.
Особено е спорен, а и ги лути активистите на „Го сакам Водно“, фактот што опустошувањето на еден од најбитните делови од градот се случува во летниот период, тогаш кога поголем дел од граѓаните се по одмори. Ова сценарио е познато од минатото и доста ефективно.
Тие го повикуваат Мирослав Богдановски од Инспекторатот на Град Скопје 1 и останатите јавни институции да преземат. Повикот е исто и за премиерот Заев.
„Листата на аргументи ПРОТИВ трасата на гасоводот да оди низ парк шума Водно е толку долга, да секој правен систем би го запрел процесот! Студии за оцена на влијанието на проектот врз животната средина кои не го разгледуваат посебно заштитеното подрачје на парк шума Водно! Јавни расправи за кои јавноста не била известена и не била присутна! Распишан тендер на МЕР за изградба на гасоводот, месеци пред да бидат воопшто овластени од Владата за изградба!“ истакнуваат од иницијативата на нивната фејсбук страница.
Од иницијативата изјавија дека утре во 11 часот пред седиштето на Град Скопје ќе одржат прес конференција.
Фотографиите кои следат се направени од страна на активистите на иницијативата „Го сакам Водно“ и се однесуваат на начинот на обработка на тој дел од Скопје на кој се противат ентузијастите на иницијативата, но и самите жители на Скопје.