Со звукот на Нејот вечерва во МОБ започнува Скопско културно лето

 

СКОПЈЕ, 21.06.2017 – Вечерва започнува триесет и осмото издание на Скопско културно лето, со концертот на мајсторот на традиционалниот инструмент – Неј, Омер Фарук Текбилек. Тој е музичар кој живее и работи во САД, а неговата животна философија Суфизмот, ја соединува и пренесува преку музиката која ја прави

Од почетокот на цивилизацијата, Анадолија во изминатите векови пречекала безброј цивилизации и култури. Благодарение на оваа разноликост, таа има неспоредливо богатство од културолошки, фолклорен и музички аспект. И покрај ова неспоредливо богатство, од Турција и Анадолија ретки се уметниците, кои се здобиле со меѓународен профил. Еден од најважните вакви уметници е токму Омер Фарук Текбилек.

Текбилек е роден во турскиот град Адана. Уште на мала возраст покажал интерес кон музиката, а според неговото семејство Тој и неговиот брат се родени музичари.

Не сме различни еден од друг. Сите култури се слични една на друга. Музиката е нашиот заеднички јазик и муабет. Благодарение на музиката и танцот, сите братски се соединуваме. Ова воопшто не е тешко, гласи најчестата изјава во врска со музиката на овој музичар.

Главниот инструмент со кој се има доста надградено Омер е Неј. Покрај нејот, тој свири на многу други инструменти, како што се саз, кавал, зурла и уд.

За време на надградувањето во музиката, Омер покажал интерес и кон Суфизмот.

За мене музиката е бесконечна. Суфизмот и музиката се прегрнати и се испреплетени. Правење музика е како молитва, е една од изјавите на Омер во врска со поврзаноста на музиката и Суфизмот.

Кога имал 16 години, дошол во Истанбул каде се запознал со мевлевиските дервиши. Тој е многу инспириран од начинот на кој тие гледале кон светот, интерпретацијата на музиката, спојувањето на звуците од различни култури, како и од нивниот дух.

Кога наполнил 20 години, како член на Турскиот класичен фолклор за првпат заминува во САД. Понатаму останува да живее и твори во САД. Има основано оркестар со музичари кои имаат потекло од Блискиот Исток. По запознавањето со познатиот продуцент Брајан Кејн, Омер покрај правењето на своите албуми, соработува со многу познати имиња, како што се, Дон Чери, Карл Бергер, Џинџер Бејкер, Офра Хаза, Питер Ерскин, Трилок Гурту, Симон Шахин, Бил Ласвел, Мајк Маиниери, Арто Тунчбојаџијан, Нусрат Фатих Али Кан, Хосам Рамзи, Глен Велез и многу други.

Суфизмот како негова философија на животот успешно ја пренесува низ музиката која со години ја твори.

Авторка: Сенада Ибраимова

|2020-05-21T15:48:47+00:0021 јуни 2017|Актуелно, Култура|