„Живееме во време кога за премиерот фашистичките окупатори биле административци, а за претседателот на државата, партизаните кои го започнале востанието, деидеологизирани борци за некаква слобода. Од друга страна неодамна поминавме низ проект чија цел беше апсолутна доминација на националистичкиот наратив преку нови колосални споменици.
Во таков контекст, на денот на ослободувањето на Скопје од фашистичкиот окупатор организираме тура крај дел од спомениците и спомен обележјата од периодот на Втората светска војна, победа во војната која конечно донесе слобода на Македонија и Југославија, и ја отвори можноста за новото социјалистичко уредување. Посебен фокус ќе ставиме на почетоците на вооружениот отпор во 1941, односно формирањето на Првиот скопски партизански одред.
Голем дел од спомениците и обележјата се присутни насекаде низ градот, но често не ги ни забележуваме. Како поради нивната скромност во споредба со мегаломанијата на капиталистичката десница, така и поради намерната запоставеност од страна на градот/општините/министерството за култура.
Ве покануваме на тура која ќе опфати голем број важни локации од периодот на втората светска војна, особено од самите почетоци на вооружениот отпор: места поврзани со животот на првоборците од Скопје, места важни за организирањето на отпорот како и места каде се случиле поважни настани. Ќе дознаеме кои биле луѓето кои го формирале Првиот скопски партизански одред, чии имиња денес ги носат голем број училишта и улици. Да не дозволиме да останат во паметење само нивните имиња, без да знаеме што тие млади луѓе правеле пред војната и за што одлучиле да се вклучат во вооружениот отпор во услови кога цела Европа била на колена.
Бидејќи турата ќе биде долга 8,2км, истата ќе ја направиме со велосипед – најдоброто превозно средство за градски услови.
Местото на чекање е раскрсницата кај Мавровка/Судска палата, на аголот кон УКИМ во 11ч.
Очекуваното времетраење на турата е 3ч.
Турата е бесплатна.
Патека на движење: https://www.google.com/maps/d/u/1/edit…
Последна точка: споменик на Првиот скопски партизански одред, до Рециклажен двор Карпош – Комунална хигиена Скопје, бул. Илинден.“ – изјавуваат од иницијативата.
Очекуваното времетраење на турата е 3ч.
Турата е бесплатна.
Патека на движење: https://www.google.com/maps/d/u/1/edit…
Последна точка: споменик на Првиот скопски партизански одред, до Рециклажен двор Карпош – Комунална хигиена Скопје, бул. Илинден.“ – изјавуваат од иницијативата.