Гласни вести од иднината – II ден

Почитувани читатели, слушатели и гледачи на „Гласник“ ве известуваме дека работниците на „Гласник“ неуморно ги декодираа пораките од луѓето на 2050 година упатени до нас во 2020 година. Интегрално ви ги пренесуваме денешните гласни вести од иднината

„Ве чека борба за правда. Нам веќе не ни значи толку минатото колку иднината и затоа ве контактираме, за да почнете да се борите за правда. Уште трпиме од вашиот молк. 6 часовниот работен ден нема да дојде сам.“

„Денес како и вашето денес е многу мачно, Први мај е за нас тежок ден – се сеќаваме на милионите мртви работници низ историјата. Почнавте ли да ги запишувате и нив?“

„Нам в училиште не ни даваа храна кога растевме и немавме многу, но откако почнавте вие да се борите, сега секој ученик има право на топол оброк и две ужинки во текот на денот.“

„Денешните лекари и медицински сестри имаат уште еден во тимот – негувателките. Тоа ќе ви дојде подоцна, докторите дури во 2030 се солидаризираат со медицински сестри. Цела една декада за чекање.“

„Во 2050 година имаме многу повеќе пензионери за кои се грижиме, но само затоа што тие се бореа за правда. Тоа сте вие кои во 2025 ќе почнете да размислувате за пензија.“

 

 

|2020-04-30T17:15:40+00:0030 април 2020|Актуелно, Вести, Ова не е Сатира|