(Видео) Ремзи Медик: „Ромите можат да се запишуваат во школо во коешто учат македонци само ако доаѓаат од економски стабилни семејства“

Проблемите на ромското население во Битола се големи, додека решенијата не се испорачуваат во догледно време. Дискриминацијата врз нив е на повеќе нивоа, како на инфраструктурно, така и на социјално ниво, а од неодамна дискриминацијата е актуелна и во образованието. Имено, неколку години по ред се случува сегрегација во основното училише „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола, каде родителите кои не потекнуваат од ромската етничка припадност не ги запишуваат децата во ова училиште. Причината е тоа што во „Ѓорѓи Сугарев“ се запишуваат роми и дека тоа е стравот на родителите не роми од Битола.

Родителите не роми ги запишуваат децата во основното училиште „Тодор Ангелевски“ во Битола, иако училиштето се наоѓа во близина на истата населба во којашто се наоѓа и основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“. Меѓутоа, во тоа училиште на ромските деца им е дозволено да се запишуваат само под специјални услови, односно ги примаат според нивната економска и материјална состојба.

Во прилог следува видео разговор со Ремзи Медик, претседател на здружението „Баирска светлина“ и долгогодишен активист за правата и еманципацијата на ромите во Битола. Тој смета дека, недоследното законско спроведување на одредбите на Законот за реонизација и социјалната структура на ромите, предизвикува таков третман врз нив. Според него, во „Тодор Ангелевски“ ромските деца имаат можност да се запишуваат, меѓутоа тие мора да бидат од економски ситуирани семејства.

Автори: Мариглен Демири

Ѓорѓи Пулевски

Сенада Ибраимова

Фотографија и видео: Сенада Ибраимова