Студентите на протест за отварање на читалните

Група на студенти на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје најавија дека во петок со почеток од 18:30 часот ќе протестираат за отварање на читалните тргнувајќи од пред градската библиотека „Браќа Миладиновци“, со транспаренти ќе се упатат кон Владата. Тие од надлежните институции бараат подготвување на протоколи за работа и што е можно побрзо читалните да бидат отворени за студентите.

Во целост го пренесуваме нивното соопштение од настанот за протестот на социјалната мрежа Фејсбук:

ПРОТЕСТ ЗА ПОДГОТВУВАЊЕ НА ПРОТОКОЛИ ЗА РАБОТА НА ЧИТАЛНИТЕ

Со оглед дека последно време се отворија сите угостителски објекти, обложувалници итн. се одржаа митинзи каде имаше илјадници присутни и каде не беше почитувана ниту една мерка, скришно се организираат журки, свадби, концерти и прослави. Затоа како студенти сметаме дека сме дискриминирани со неотварањето на читалните кои се есенцијални за надоградување на студентите.

Сфаќаме дека ситуацијата е деликатна и не сметавме дека е неопходно отварањето на читалните, но со оглед дека се друго беше отворено сметаме дека оправдано би било да се отварат и читалните. Студентите се свесни и ќе ги почитуваат сите протоколи подготвени од КЗБ.

Со оглед дека повеќе пати најавивме за проблемот, сепак од надлежните немаше интерес да излезат во пресрет на студентите. Но, ако интерес кај нив нема кај нас има, ако не сакаат проблемот да се реши по „дипломатски пат“ ние сме спремни за алтернативни варијанти, ако мислат дека студентите сеуште се во нивна страна ние сме тука за бунт поспремни од било кога.

Бараме од Владата на РСМ, Министерството за Култура како и од КЗБ да подготват протоколи и што е можно побрзо читалните да бидат отворени за студентите.
Ова барање овој пат до надлежните ќе го пренесеме преку мирен протест пред градската библиотека „Брака Миладиновци“.

Протестот ќе се одржи во четврток во 18:30 часот пред Библотеката “Брака Миладиновци” поточно на булеварот „Партизански одреди“
Сите кои планират да се приклучат на овој мирен собир задолжително со себе да носат средства за заштита од ковид-19.

 

|2020-08-25T13:56:31+00:0025 август 2020|Актуелно, Вести|