Работниците во фабриката на Елон Маск „Тесла“ во Калифорнија жртви на преработеност, стрес и повреди

Британски Гардијан во својата опсежна репортажа Tesla factory workers reveal pain, injury and stress: ‘Everything feels like the future but us’ известува за опсежни кршења на работничките и човечки права во фабриката на компанијата Тесла (Tesla Inc.) во Калифорнија, САД.

Кога Тесла откупи една стара фабрика за автомобили во Фремонт, Калифорнија, САД, тој ја трансформира старомодната синдикализирана фабрика во современа „фабрика на иднината“ каде џиновски роботи именувани по јунаците од X-MEN ги претвораат металните лимови во супермодерни електрични автомобили.

Апетитот на Маск за електрични автомобили и неговите ветувања за нарушување на карбон-зависната автомобилска индустрија, помогна вредноста на Тесла да ја надмине онаа на Форд и на кратно, на Џентерал Моторс (GM). Но, некои од човечките работници што ја споделуваат фабриката со нивните колеги роботи се жалат на исцрпувачките притисоци – што го припишуваат на агресивните продукциски цели на Маск – и понекогаш на тешки повреди.

Амбулантни возила се повикани повеќе од 100 пати од 2014 година за работници заради вртоглавици, напади, абнормално дишење и болки во градите, според извештаите за инциденти обезбедени од страна на Гардијан. Стотици повеќе се повикани за повреди и други медицински потреби.

Во телефонскиот разговор за состојбите во фабриката, која вработува околу 10.000 работници, извршниот директор на Тесла признава дека неговите работници „имаат потешкотии, зашто работат долги часови, а во тешки работни услови”, но вели дека тој длабоко се грижи за нивнотоздравје и благосостојба. Неговата компанија вели дека работните и безбедносни услови на фабрика значително се подобрени во текот на минатата година.

Маск, исто така, вели дека Тесла не треба да се споредува со главнитеамерикански производители на автомобили и дека неговата пазарна капитализација, сега повеќе 50 милијарди долари, е неоправдана. „Јас верувам дека оваа пазарна вредност е поголем отколку што имаме право да заслужиме,“ рече тој, истакнувајќи дека неговата компанија произведува само 1% од вкупното производство на GM.

„Ние сме компанија загубар,“ додава Муск. „Ова не е некоја ситуација во која, на пример, ние сме само алчни капиталисти кој одлучиле да кратат на безбедност, со цел да имаат повеќе профит и дивиденди, и тој вид на работи. Прашање е само на тоа колку пари ќе се изгубиме. И како да се преживее? Како да не умреме и сите да ги загубат своите работни места? “

Описот што го дава Муск за пристапот на компанијата се разликува од оној на 15 сегашни и поранешни фабрички работници кој дадоа изјави за Гардијан  околу културата на прекумерни работни часови под голем притисок, понекогаш преку болка и повреда, со цел да ги исполнат амбициозните производствени цели на извршниот директор.

„Сум видел луѓе како колабираат, паѓаат на подот како палачинка и ги пресекуваат нивните лица,“

„Сум видел луѓе како колабираат, паѓаат на подот како палачинка и ги пресекуваат нивните лица,“ вели Џонатан Галеску, производствен техничар во Тесла. „Тие само нè испраќаат да работиме околу него додека тој сè  уште лежи на подот.”

Тој беше еден од неколку работници, кои изјавиле дека виделе нивни соработници како колабираат или како биле однесени во амбулантни возила. „Имавме соработник на мојата лента, тој само продолжуваше да работи, продолжуваше да работи, наредното што го видовме – тој само падна на земјата”, рече Мики Катура (Mikey Catura), работник на лентата за пакување батерии.

„Сè се чувствува како иднината, освен ние.“

Ричард Ортиз, друго производствен работник, восхитено зборуваше за високо-технолошкиот под на продавницата. „Тоа е како да си умрел и си отишол на небото на автомобилските работници.“ Но, тој додава: „Сè се чувствува како иднината, освен ние.“

Тесла се наоѓа на спојот помеѓу технолошки стартап, неограничен од страна на правилата на старата економија и производител кој треба да произведе физичка стоки. Никаде оваа контрадикција не е поочигледна отколку во фабриката Тесла, каде бомбастична проекција на Маск дека неговата компанија ќе произведе 500.000 автомобили во 2018 година (пораст од 495% од 2016 година) се потпира исто онолку на пот и на мускулите на илјадници човечки работници, колку и на футуристичките роботи.

„Од она што јас сум се собрал, Елон Маск  ја започна Тесла како еден вид на апликациски стартап, и не е свесен дека тоа не се само бубалици на компјутерски бироа што куцаат.“ изјави еден производствен работник, еден од неколкуте кои не сакаа да бидат идентификувани со име. „Навистина започнуваш со губење на чувството на стартап кога ќе имате илјадници луѓе кои работат физичка работа.”

Во февруари, работникот во Тесла Хозе Моран објави блог пост со детални обвинувања за задолжителна прекувремена работа, високи стапки на повреди и ниски плати во фабриката, и откри дека работниците се обидуваат да формираат синдикати со Обединетите автомобилски работници.

Постот на Моран фрли светло врз работната сила која речиси целосно отсуствува од официјалните фотографии од фабриката на Тесла.

Целиот текст на англиски јазик од новинарката на Гардијан Џулија Кери Вонг може да го најдете овде.

| 2017-05-23T12:34:29+00:00 22 мај 2017|Актуелно|