Протестен собир пред ЈСП, демонстрантите бараа отказ за насилниците контролори и вработување на контролори Роми

СКОПЈЕ, 13.02.2020 – Пред седиштето на ЈСП, денеска во 16.30 часот во Скопје, околу 300 граѓани протестираа поради насилничкиот однос на контролорите на ЈСП во понеделникот врз студентот од Правниот Факултет Сирхан Усеин.

Денеска револтирани граѓани беа собрани пред седиштето на ЈСП во Скопје и протестираа поради насилничкиот настан кој се случи во понеделник во кој студентот Сирхан Усеин беше насилно изваден од автобусот на ЈСП и навредуван од страна на контролорите. Сирхан Усеин инаку е студент на Правениот Факултет „Јустинијан први“ при УКИМ и иако поседувал годишен билет, односот на контролорите не се променил, напротив нивните пцовски и грубиот начин на комуникација се интензивирал. Иако студентот на крај им кажал дека ќе ги пријави во полиција, тие му се заканиле дека може да биде и натепан.

На денешниот протест пред ЈСП, учествуваше група граѓани, главно од ромската етничка заедница, со чест на исклучоците на не-Ромите кои се солидаризираа со овој случај. На протестот недостигаше нешто што е белег на либерал-демократските општества, а тоа се медиумите, односно Телевизиите. Телевизиите се изворот на еманципацијата и на инфомациите кои треба да им помогнат на граѓаните во нивните аспирации за полесно и похармонично живеење во општеството. Денеска тие паднаа на тестот на нивната улога и одговорност. Жртви на беснеењата на контролорите на ЈСП не се само граѓани Роми, туку поголем обем на граѓани кои често и поради технички неправилности на апаратите на за отчитување на билетите, стануваат жртви на односите на вработените контролори на ЈСП.

Иако на протестот се скандираа пароли „Нема правда, нема мир“, „Јавно Силеџиско Претпријатие“, „Отказ“, „Денес јас, утре ти“ и од демонстрантите јасно беа искажани барањата за вработување на Роми контролори во ЈСП и отказни решенија за сторителите на насилничкото дело и зголемени внатрешни контроли во ЈСП, сепак останува да се види колку од овие барања ќе бидат исполнети.

|2020-02-13T18:55:19+00:0013 февруари 2020|Актуелно, Вести, Некатегоризирано|