Полицијата приведе четири лица на анти – НАТО протестите во Скопје

СКОПЈЕ, 29.07.2017 – Полицијата вечерва насилно приведе четири лица, кои за време на протестот против изложбата на оружје и воени реквизити на американската војска во близина на плоштадот во Скопје, сакаа да истакнат транспарент на кој пишуваше „Против Војните за Профит“, со цел мирно да го изразат незадоволството од овој настан, како и дека се против интеграциите на Макдонија во воениот НАТО пакт

Двајца од приведените, Гоце Маркоски и Гораст Муратовски се членови на политичката партија Левица,  Никола Штериов е член на социјалниот центар „Дуња“, а четвртиот приведен е Вулнет Махмути, кој пак е новинар во невладината организација „Цивил“. Тој за Гласник изјави дека, не бил дел од протестите, туку дека, случајно поминувал од местото на настанот и оти не ни знаел дека, таму има протест. Додека се обидувал да фотографира и снима, еден од полицајците го привел, со објаснување дека, како што вели тој, „фотографирал и снимал од преска“.

Тројцата приведени демонстранти за Гласник изјавија дека, додека на мирен начин сакале да го постават транспарентот на кој пишува „Против Војните за Профит“ на оградата од првиот спрат на Градски трговски центар (ГТЦ), од страната кај триумфалната капија, кадешто беа изложени американските оружја и воени реквизити, полицајците насилно ги фатиле за раце и им ставиле лисици, со изговор дека, имаат таква наредба и оти, нивниот транспарент е наводно говор на омраза. Откако, полицијата ги држела со лициси на рацете половина час, четворицата приведени биле пуштени на слобода.

Тие велат дека, причината поради која сакале а го истакнат овој транспарент е дека, се против агресорски војни, против профитирање, убивање и мачење на луѓе. Тројцата активисти потенцираат дека, биле ужаснати од гледката на изложбата, кадешто имаше и деца и малолетни лица со насмевки на лицата, кои седат во хермелините и врз тенковите пред Порта Македонија.

„Првично се обидовме да се приближиме до тенковите и да го истакнеме нашиот транспарент на кој пишуваше „Против војните за профит“. Кордон полиција нè запре на стотина метри од тенковите и не ни’ дозволуваше да продолжиме понатаму, иако пропушташе други граѓани. Образложението беше: „Имаме таква наредба“. Попусто се обидувавме да им го цитираме Уставот, законите, да им објасниме што значи правото на мирен собир и дека како граѓани на Македонија тоа право го имаме не само на хартија. Барем би требало да го имаме“, истакнаа приведените во својата заедничка изјава за Гласник.

Тие нагласија дека, полицијата во Македонија веќе долги години, по дефиниција е заштитник на законите, но оти, во пракса е нивен најгруб злоупотребувач.

„Не ни беше целта да се конфронтираме, ниту да бидеме агресивни. Решивме да се повлечеме и да го истакнеме транспарентот од вториот кат во ГТЦ. Целта ни’ беше мирно да го изразиме својот револт. Бевме дваесетина. Не го држевме платното ни неколку минути кога по скалите нагоре се затрчаа десетина полицајци, од зад нас дојдоа уште во цивилка. Нè обиколија и со извадени пендреци и спремни за напад, грубо приведоа четворица од нас. Образложението? „Транспарентот ‘против војни за профит’ е говор на омраза“. Не нè однесоа во станица. Нè задржаа отприлика половина час и нè пуштија со „предупредување“. Ваквите фашистички тактики не ни’ се непознати. Долги години ДПМНЕ неприкосновено владееше применувајќи ги. А нели сега требаше да има промени? Нели сега „ќе има правда, ќе има мир“?, велат понатаму во својата изјава.

Инаку, претходно изложбата беше закажана за на плоштад, но веројатно покасно е променета локацијата, баш поради најавата за протестот.

Денес Левица одржа прес конференција, на којашто го истакна својот анти – НАТО став и ги наведе причините, поради кои вакви акции и демонстрации на моќ на САД не треба да се одржуваат во Македонија, затоа што, како што рекоа, „отворено канат терористи дома, додека ние не можеме да се справиме ниту со пороен дожд“. Тие нагласија дека, Македонија не смее да се приклучува кон милитаристички, воени сојузи како што е НАТО пактот.

На следнво видео може да се види како полицијата ги приведува мирните демонстранти.

 

| 2018-06-18T09:37:59+00:00 29 јули 2017|Актуелно, Вести, Некатегоризирано|