Окупација Иран

За да се окупира Иран, се потребни 500 илјади војници, од коишто 100 илјади пешадија на земја и околу 400 илјади логистика во позадина. Формулата за окупација на Иран е 5 спрема 1.

Таква војска САД тешко дека ќе може да собере. Но да собереме два плус три, колку војска има сега САД на Блискиот Исток. Проста детерминанта.

Во Ирак до 6.000 војници.

Во Саудиска Арабија до октомври беа 14.000 војници, од октомври до денес уште 3.500.

Во Катар 13.000 војска.

Во Бахреин под 10.000 вклучувајќи офицери и војска.

Во Обединетите Арапски Емирати (Дубаи) 5.000.

Во Кувајт, под 20.000, или помеѓу 14.000 и 17.000.

Да не напоменувам дека кога пишувам војници се работи за сиромашни копиљаци коишто се борат за „слобода и демократија“ и за кеш во џеб, а дома се враќаат сакати, со искинати раце и нозе, без очи, оставени на социјална помош без колена и бубрези, со трајна траума од фрлање бомби и убивање невини луѓе. Тоа е работничка класа, последните од линијата на најзагрозени бедни будали коишто одат и како мали деца фрлаат бомби од песок врз невини луѓе.

Да се потсетиме на славната: „I can hire one half of the working class to kill the other half“, на Џеј Гоулд кога биле организирани штрајкбрејкери да го кршат отпорот на железничарите при Големиот штрајк на железницата на Југозападот во 1886 година.

Понатаму:

Во Авганистан под 15.000.

Во Турција, стандардно околу 3.000.

Во Јордан има под 3.000 војска долг период, а во октомври се доведени уште 8.000 од 30 земји, според тоа во Јордан има над 10.000.

Во Сирија под 5.000.

Во Оман нема, можеби има стотина до двеста.

Во Италија, стандардно околу 3.000.

Тука се и 173-та воздушно-десантна бригада, околу 4.000, како и 82-та воздушно-десантна дивизија пратени како плус во Кувајт, и се разбира на носачите на авиони, „Труман“ и „Линколн“, со вкупно под 8.000 морнари, катапултери, логистичари, кувари и работничка класа од најбедните квартови на САД коишто за добра плата за жал се спремни да убијат. На секој американски носач на авион може да има до максимум 5.000 војска.

Ова е три по 4, или 11 x 12 еднакво на 100 до 120 илјадна војска во којашто има сѐ и сешто од работници, но војска којашто е блиску до Ирак и Иран.

Ова се бројки на Американци, а не на НАТО војска. НАТО војска е плус, на пример, ако се загрозени интересите на Европјаните, особено со евентуална блокада на Ормутскиот теснец, Европјаните со сета сила ќе удрат, а тоа значи и трупи до 2 проценти по глава на жител мртви од БДП за интересите на богатите, а за плата и траума на бедните, сиромашните, глупаците коишто пукаат и се идиоти од најдолен вид, и коишто го одржуваат статус кво-то коешто повеќе не може да се одржува и се чини на Блиски исток може да стане минато.

Сума: Да резимирам, Американците имаат над 100-120 илјади трупи на терен на местото на настанот или во блиска околина за што ќе им бидат потребни и коридори за прелет како Македонија, Грција, Турција. Ако се осилат за влез на терен, како на пример во Ирак при рушењето на Садам Хусеин и ако градат инфраструктура, тоа значи дека немаат намера да си одат наскоро, тоа го имаме во Рамштајн, во Куба, во Кувајт, во Ирак, во Јапонија.

Сепак, Иран има квадратура од 1,7 милиони квадратни километри што е три пати од територијата на Франција, или дупло од територијата на Балкан ако во Балкан се сместени и Грција и цела Романија и цела Унгарија со Словенија.

Американците нема да си одат ниту од Ирак, што ќе значи герилиска војна, масовни протести, реакционерни акции и активни реакции на акциите и реакциите итн. Ако направат база+ во регион на Ирак или Кувајт и ако базата е фиксна со изградена инфраструктура, базата ќе биде констатно подложна на ракетни напади, но ова укажува дека со сигурност ќе има воздушни напади по стратешка инфраструктура, фабрики за нуклеарно гориво и оружје, со и без дронови, можни се и удари врз патнички авиони како од времето на Реган #IR655 неколку месеци од крајот на прокси-војната на САД со Иран, со помош на Ирак од 1980 до 1988 година, таргетирани „удари во точка“ по глави на организации како во случајот со Касим Сулејмани.

Автор: Кирил Минанов

|2020-01-08T14:03:09+00:008 јануари 2020|Актуелно, Вести, Некатегоризирано, Свет|