Не е депресија, капитализам е!

Овој систем кој ги остава трудбениците безпомошни и ги турка во безизлезност, оставајќи ги без организација – ги убива.

Во Турција изминатиот период се случија многу самоубиства. Но дали се работи за самоубиство или пак за убиство? Додека пак, мотивот за самоубиството не е депресијата, туку безизлезната ситуација во која те доведува капитализмот.

Смртта на едно семејство во Истанбул беше предизвикано токму од капитализмот. На вратата од куќата пишуваше, „не влегувај, има цијанид“. Истиот ден, после нивната смрт им била исклучена електричната енергија поради неплатени сметки. Имале многу долгови. После неколку денови исто во Турција се самоубија уште две семејства, па една студентка, па двајца млади рботници. Сите овие случаи на самоубиства од страна на медиумите се прикажуваат како самоубиства поради психички пореметувања и им  се даваат слични дијагнози. Како божем еден од членовите на семејството имал психолошки проблеми, и ги убил и другите и себеси. Но, не е така. Всушност тука не се работи за самоубиство, туку за убиство кое го извршува капитализмот. Во 2013 година во Бугарија неколку лица се самозапалија токму на протест против сиромаштијата.  Пред скоро време во Кочани (Македонија), човек се самозапали на улица. Самоубиствата и обидите за сабоубиство се толку чести што не може да ги скриеме под превезот на „психолошко пореметување“, туку треба да ја бараме причината за таквата појава.

Имено, капитализмот го принудува човекот да живее сам и осамен. Овој систем освен глад и сиромаштија не носи ништо за трудбениците. Луѓето во капитализмот се чувствуваат безнадежно и безизлесно. Кога угнетувањето расте, ако трудбениците не се организираат,  расте бројот на самоубиства. Индија е земја во која за време на кризата од 2008 година се самоубија 16.000 земјоделци. Во тие години се уништи семето кое го употребуваа индиските земјоделци и на тој начин вратите се отворија за надворешните експлоататори. Земјоделскиот сектор кој беше оставен на надворешните експлоататори ја уништија економијата а со тоа доведоа и образованието и здравството да станат платени услуги, а не бесплатни какви штоа беа претходно. Трудбениците продадоа се што имаа, ги продадоа дури и своите бубрези. Тонеа се повеќе во долгови, а не можеа да произведуваат ништо освен памук и ванила, бидејќи имаа дозвола само за тоа. Тие беа оставени гладни, што резултираше со (само)убиство на 16.000 земјоделци.

Енгелс во неговото дело „Состојбата на работничката класа во Англија“, вели: „Кога еден човек, на друг ќе му нанесе смртоносен удар, тоа го нарекуваме обид за убиство. Кога човекот кој го нанесува ударот, знае дека со тој удар може да предизвика смрт кај другиот, тоа го нарекуваме убиство. Но, системот ги убива илјадниците пролетери и тоа не со меч или пушка, туку на неприродни начини на многу рана возраст. Тоа што го прави системот, исто така е убиство. Системот, илјадниците работници ги остава без основните потреби за живот, ги доведува во положба каде не можат да преживеат и тоа трае се додека не се настане смртта. Системот тоа го прави со помош на законот и знаејќи дека таквите услови доведуваат до смрт на илјадници работници, тој (системот), тоа го продолжува, а пак тоа во ништо не се разликува од обичното убиство (кога еден поединец убива друг). Тоа претставува подмукло и умислено доведување до смрт. Убиство од кое  што никој не може да се одбрани. Тоа претставува убиство кое што не може да се спознае, бидејќи никој не го гледа убиецот и изгледа како обична природна смрт. Но, вината не се состои само во сторувањето, туку и во несторувањето.

Трудбениците кои се безпомошни и кои се наоѓаат во безизлезна ситуација, кои не се организирани, оставени се на овој систем, кој слободно може да ги убива. Тоа што се случува не е самоубиство предизвикано од горенаведеното, туку е класично убиство. Причините на самоубиствата пак, не се сами по себе поради депресијата, туку поради капитализмот, кој ист така доведува до тавка психо-физичка состојба.

Или капитализмот ќе не сотре нас, или ние заедно ќе го сотреме овој трул систем.

Авторка на текстот: Џејлан Велиу