Модната линија „Лудус“ ја објави новата колекција „Пост-родовост II“

На 15 март, 2020 година модната линија „Лудус“ го објави промо видеото од новaта безродова колекција насловена како „Пост-родовост II“. Видеото е изработено од Мирослав Илич, стајлингот е изработен од Мартина Ивановска, а на проектот асистирале Ивана Секуловска и Никола Шиндре. Модели на ревијата се Ивана Манасиевска од „Моделс ин“, Стефан Анат и Филип Бојковски. Музиката имено е Hidden Trials – Broke in Summer. Целиот проект се изработил во Музејот на современата уметност во Скопје, а уметничките дела во позадината се од изложбите „Скопје, одново“ и „Сè што ни е заедничко“.
Во прилог може да го погледнете видеото од промоцијата на „Пост-родовост II“. Сета облека е изработена од модната линија „Лудус“, која што е безродова модна линија.