(Метју Иглесијаз) Берни Сандерс го води Доналд Трамп во анкетите, дури и кога ги потсетувате луѓето дека тој е социјалист

Социјализмот е непопуларен, но американскиот водечки социјалист не е.

Сенаторот Берни Сандерс се опшишува како социјалист во земја каде што социјализмот е непопуларен, оттука многу набљудувачи се убедени дека предноста што Сандерс ја има пред Доналд Трамп во анкетите ќе исчезне во очи на републиканската оцрнувачка кампања (на сеење страв од социјализмот).

Тешко е да се знае дали е тоа вистина или не, но неодамнешниот експеримент со тестирање на (политичките) пораки спроведен од прогресивната група Data for Progress во најмала рака ја доведува оваа теорија во прашање.

Во нивниот експеримент, етикетирањето на Сандерс како социјалист не ја поткопа неговата кампања – нешто што веќе го бевме виделе во Вермонт. Сандерс секогаш ги надминува нашите очекувања во изборите за неговото сенаторско место.

Анкетата: Не менува многу да се нарече Сандерс социјалист.

Data for Progress ја искорсти платформата за примероци на Lucid истражувањето да тестира три различни верзии на прашања за мерење на гласови помеѓу Сандерс и Трамп. Истражувањето се спроведуваше на терен од 9 до 19 Јануари 2020 и ги постави овие три прашања:

  • Без објаснувања: „Доколку претседателските избори во 2020 се одржуваат денес, за кого би гласале доколку кандидатите се Берни Сандерс и Доналд Трамп?“
  • Информации за партијата: „Доколку претседателските избори во 2020 се одржуваат денес, за кого би гласале доколку кандидатите се демократот Берни Сандерс и републиканецот Доналд Трамп?“
  • Социјалисти и билионери: „Доколку претседателските избори во 2020 се одржуваат денес, за кого би гласале доколку кандидатите се демократот Берни Сандерс, кој сака да ја оданочи билионерската класа за да и помогне на работничката класа и републиканецот Доналд Трамп, кој вели дека Сандерс е социјалист кој поддржува национализирање на здравството и отворени граници?“

Во сите три опции, Берни го води Трамп, иако со мали разлики во маргините. Сандерс е најдобар во опцијата на прашањето што не обезбедува никакви информации воопшто. Доколку на кандидатите им се прилепи нивното партиско обележје тогаш Сандерс е во мала предност, а доколку им се прилепат хипотетичките пораки тогаш Сандерс е во водство кое е некаде помеѓу двете останати сценарија.

Просто анкетно прашање не може да го симулира влијанието на целата, со месеци долга, политичка кампања. Но бидејќи грижите околу Сандерс се засилени делумно од точната опсервација дека „социјализмот“ како етикета не победува на анкетите во САД, тогаш фактот дека лепењето на таа етикета на Сандерс воопшто не го менува исходот во гласањето ви кажува нешто.

Партијата која беспотребно го плашеше народот?

Авторите не се обидуваат да објаснат зошто ова е така, но една можност што паѓа на ум е дека републиканците ја карактеризираат поддршката за повисоки даноци и подарежлива социјална држава на Демократската партија како “социјализам“ веќе долго време.

Вистина е дека Сандерс ја прифаќа етикетата и вели дека за него социјализмот е нешто како визијата за „Новиот договор“ на претседателот Френклин Делано Рузвелт. Повеќето демократи ја отфрлаат етикетата и велат дека веруваат во капитализам управуван преку регулација и социјална држава. Додека визијата за социјална држава на Сандерс оди многу подалеку од таа на повеќето демократи.

Републиканците секогаш ги карактеризираа сите проширувања на социјалната држава како социјализам, што некако изгледа го уби аргументот како порака.

И обратно, можно е дека социјализам етикетата е ефективна, но изгледа дека во оваа анкета и против-пораката на Сандерс, за даночење на билионерите, е исто така ефективна.

Како и да е, барем не е очигледно дека етикетирањето на Сандерс како социјалист му прави некаква политичка штета. Тоа не го менува базичното согледување дека повеќето анкети го прикажуваат со благо водство пред Трамп.

Превод: Стефан Видиков

Оригиналната објава можете да ја прочитате овде.

|2020-02-11T14:20:40+00:0011 февруари 2020|Актуелно, Вести, Кампања, Свет|