Клоди Лека: „Кога ги читам Сафо, Казанцакис, Ливатидис… се чувствувам како Грк“

Дијалог со Клоди Лека од „Организата Политика“ по повод почетокот на академската 2020/2021 година

Клоди Лека е левичар и активист од Тирана, Албанија, а беше еден од организаторите на упадот на студентите во Трудовиот инспекторат во соседна Албанија. Клоди Лека студирал на правен факултет и во последните 8 години е ангажиран во „Организата политика“ за работнички и студентски прашања, но и за други каузи како што се зачувување на животната средина, родовите прашања и слично.

Денеска ќе разговараме за проблемите на академијата во Албанија и како студентите од Тирана, Скопје, Приштина и Солун заеднички треба да градат иднина.

Никола Шиндре: „Клоди, универзитетот во суштина треба да биде местото каде ќе се случуваат врвните научни, образовни и културни достигнувања, а за тоа нужно се потребни предуслови. Кои се тие и како да се воспостават?“

Клоди Лека: „Современиот универзитет е резултат на револуција, односно на големата Француска револуција, која го сруши црковниот монопол на знаењето и го секуларизира. Сепак, универзитетот повторно е загрозен од догма и класно раслојување. Ризикува да стане привилегија на богатите и „црква“ за  фабрикување на  пазарни догми, како на пример: архитектурата се сведува на декор, општествените науки на администрација/бирократија, уметностите на телевизиски кич, економијата на маркетинг, новинарството на односи со јавност, инженерството е во служба на уништување на природата итн. Ние мора да го заштитиме универзитетот на три нивоа: прво, да го заштитиме од намалување на јавните трошоци за образование; второ, да го заштитиме од комерцијализација на наставната програма и трето, да го заштитиме универзитетот од идиотската и евнушка внатрешна бирократија. Но, борбата не смее да биде изолирана во рамките на универзитетот, таа исто така мора да биде координирана со отпорот надвор од универзитетот. Ние мора силно да ја браниме идејата за универзитетот како простор за развој и тоа не само професионален, туку и интелектуален и витален и тоа не може да се случи само во контекст на образованието. Бидејќи никако не сакаме да бидеме свештеници кои  расправаат околу полот на ангелите додека општеството гори. Така што, заштитата на правото на образование во суштина се однесува на младите, слободното време што ние како луѓе го имаме на располагање за самооформување. Системот се обидува да ја „изеде“ идејата за младите. Наскоро системот ќе не исфрли во џунглата на пазарот на трудот. Но, како што вели Пазолини, ние сакаме да останеме млади, со соништа, не толку сериозни како сега.“

Н. Ш. Академската јавност доцни во врска со првичната акумулација на капитал по 1990тите. Како студентите да градат меѓусебна доверба и наративи на левичарство и интернационалност во услови на ваква класна раслоеност?

К. Л. За денешната младина, левицата не ѝ е само филозофска желба, туку потреба која што потреба е условена од социјалните околности. Насекаде на Балканот, но исто така и во Европа и пошироко, илјадници добро образовани млади луѓе работат на несигурни, ниско платени работни места, без професионални изгледи. Додадете на ова дека правото на образование, толку важно право за децата од работничката и пониската средна класа, брзо се поткопува со неолибералните реформи. На кратко, социјалниот лифт е закочен и шансите тој повторно да се движи од дното нагоре, во однос на кариерата и материјалната благосостојба, се мали. Така, левицата не е само желба, таа сега станува задача. Овие образовани млади луѓе немаат друг избор освен да воскреснат и да станат радикални интелектуалци, интелектуалци кои го едуцираат и организираат народот за бунт. Инаку, сите не чека масовна емиграција и очај.

Н. Ш. Студентите од Балканот не се воопшто обединети. Како да почне да се гради меѓусебна доверба помеѓу Албанците, Македонците, Србите, Грците?

К. Л. За жал, младите на Балканот продолжуваат да ги наследуваат траумите од минатото – оние од Балканските војни и падот на Југославија – и овие трауми продолжуваат да се негуваат во училиштата, црквите, весниците, парламентите, владите, воените единици и академиите. Оваа состојба тешко може да се надмине со работилници или туристички патувања. Она што може да ги надмине овие разлики е само политичкиот пат, односно зајакнување на левичарските идеи и политики насекаде на Балканот. Можат да не обединат идеите и солидарноста, борбата против капиталистичката, религиозна и милитаристичка држава. Само на позициите на принципиелната левица можеме да разговараме за нашите несогласувања, трауми и недоразбирања и следствено да ги надминеме. Секој друг начин ми се чини невозможен.

Н. Ш. Огромен е отпорот да се изучува јазикот на другиот. Тогаш како би го спознале другиот? Како да се прифати идејата за изучување на балкански јазици со цел подобро меѓусебно разбирање?

К. Л. Сите јазици се убави и според можностите кои ги имаме ние треба да ги изучуваме. Сепак, разбирањето на едни со други не останува само во областа на говорниот јазик. На врвот на списокот треба да ја откриеме меѓусебната култура, песните и литературата, филозофијата и визуелните уметности, односно културата што е демократска и прогресивна. На тој начин можеме да се доближиме едни до други. Во училиште ги читаме Балзак, Хиго, Лорка, Сервантес, Петрарка, Г. Г. Маркез, Толстој и нашата свест, со своето расудување, меморија и поетика, покрај албанска, е и италијанска, шпанска, француска, руска итн. Така, кога ги читам Сафо, Есхил, Еврипид, Кавафи, Казанцакис, Рикос, Ливадитис, се чувствувам Грк, затоа што овде Гркот не е симбол на мал етнички локалитет, туку претставник на целото човештво, неговиот интелект и срце, односно претставува универзална припадност. Исто така се чувствувам кога ги читам и  „Сараевските приказни“ на Данило Киш, „Албански писма“ на Димитри Туцовиќ, „Апсорбиран фосфор“ на Јован Николаидис. Преку литературата, можеме да ги разбереме соседните народи, нивните маани и доблести и да ги направиме да бидат дел од нас.

Н. Ш. Работниците немаат татковина гласи некој социјалистички слоган. Како студентите кои се идни работници, повеќето прекарни, а помалку пролетери да почнат да градат заедништво што ќе резултира со поголеми промени на Балканот?

К. Л. „Работниците немаат татковина“ ова мора да го разбереме на три начини.  Прво, агресивната одмазда на капиталот во сите сектори на животот го лиши човекот од заедницата, од имотот и од припадноста. Во татковината, односно во нејзините градови, природните убавини, археолошките урнатини, попрво може да ги ужива американски турист, отколку обичен Албанец. Обичниот албански граѓанин, кој живее со неколку долари на ден, не може да ужива ниту во јонските убавини на крајбрежјето, ниту во урнатините на грчко-римскиот свет, ниту во музејските градови на Албанија. Според една проценката, околу 70% од нашите граѓани не можат да одат на одмор во нивната земја, додека туристичка треска ја „мачи“ републиката. Второ, работниците немаат татковина во смисла на агресијата, војната, шовинизмот што владејачките класи сакаат да ги поттикнат меѓу народите во нивниот конфликт за пазарите, гасот, нафтата, териториите итн. Албански работник има повеќе зеднички страни со босански или македонски работник отколку со албански олигарх. За вториот, човекот и татковината претставуваат само деловни можности и ништо повеќе. Трето, за работниците и прогресивниот народ, татковината не треба да биде чисто физички концепт, длабочина на земја, географски израз, туку пред сè концепт, концепт на правда, на демократија, на човечки живот.

Н. Ш. Културата е создавање. Како да создаваме вредности, но и материјални добра што ќе го подобруваат животот на поединецот, особено угнетениот?

К. Л. Мислам дека е потребно повторно да се реобмислат некои концепти изоставени како романтични или архаични, на пример, концептот на среќа, за кој Сен Жист  и Робеспјер тврдат дека е нов во Европа, концептот на демократија како радикално учество во јавните работи, концептот на живеење во колектив, концептот на град од нов тип, кој не е студентски дом и кантина, туку полис каде ги изразуваме цела наша љубов и слободи.  Слично на тоа, бидејќи огромното мнозинство на уметници и интелектуалци станаа техничари на системот, ние имаме товар да станеме и поети, и режисери, и музичари и интелектуалци. Значи, треба да ги истражиме сите форми и можности што можат да ја подигнат свеста на луѓето од незнаење и очај. Културата за угнетените претставува штит и меч на војната, а не градина за разгалување.

Н. Ш. Некои викаат дека љубовта е измислена од комунистите, а други пак дека потекнува од аристократијата. Што е љубовта и како да се изразува на албански за да разберат и Македонците?

К. Л. Да, љубовта веројатно беше изум на комунистите за луѓето да имаат секс без да плаќаат за тоа. Се шегувам! Она што е сигурно е дека аристократите и буржоазијата не знаеле да сакаат. Прочитајте ја Ема Бовари. Нејзиниот сопруг, Шарли, малограѓанин, провинциски лекар, невнимателен, студен, посветен на професијата, ја води неговата сопруга во очај. Или Франческа, ликот на Данте, која страда во пеколот во тело на пеперутка заедно со нејзиниот љубовник, затоа што нејзиниот сопруг, буржоаски трговец, сигурно ја купил за некоја сума на пари. За буржоазијата, жената е недвижен имот и ништо повеќе. Во меѓувреме, аристократијата е уште поскандалозна, со оние мали жени набиени во корсети и бракови со стратегија или сексуален промискуитет без никакво чувство на љубов во нив. На крајот, додека буржоазијата и аристократијата насилно ги потиснуваат излезите на љубовта, краевите се прилично драматични, само запомнете ги Ромео и Јулија, Ана Каренина, Ема Бовари и армија од мртви или полудени жени. Јас сум на мислење дека љубовта е можна само во свет на демократски социјализам, каде напорната работа, ниските плати, банкарските рати, кириите, капиталистичката потрошувачка култура и влошеното ментално здравје нема да постојат во овие размери. Овие појави ја прават љубовта прилично тешка под капиталистичкиот режим без оглед на тоа колку е таа силна. Затоа ако љубовта не ја измислиле комунистите, туку обичните луѓе, комунистите мора да ја реобмислат, како и да се спознаат себеси. На крајот на краиштата, сè треба да се реобмисли повторно.

Фотографија: Лорета Чука

Превод: Џејлан Велиу

Dialog me Klodi Lekën nga Organizata Politike me rastin e fillimit të vitit akademik 2020/2021.

Klodi Leka është aktivist i majtë në Tiranë, Shqipëri dhe ishte një nga aktivistët së bashku me student të tjerë aktivistë që u futën në Inspektoratin e Punës në Shqipërinë fqinje. Klodi ka studiuar në Fakultetin Juridik dhe në 8 vitet e fundit është angazhuar si aktivist në Organizatën Politike për çështjen punëtore dhe studentore si dhe kauza të tjera në mbrojtje të hapsirës publike, mjedisore, gjinore, etj.

Sot, do të diskutojmë problemet e akademisë në Shqipëri dhe se si studentët nga Tirana, Shkupi, Prishtina dhe Selaniku duhet të ndërtojnë së bashku një të ardhme.

Nikola Shindre: “Klodi, universiteti në thelb duhet të jetë vendi ku do të zhvillohen arritjet më të larta shkencore, arsimore dhe kulturore dhe për këtë domosdoshmërisht duhen parakushte. Cilat janë ato dhe si t’i themelojmë?”

Klodi Leka: “Universiteti bashkëkohor është rrjedhojë e një revolucioni, e revolucionit të madh francez, i cili ia theu kishës monopolin e dijes dhe e laicizoi atë. Mirëpo, universiteti rrezikohet përsëri prej dogmës dhe shtresëzimit klasor. Ai rrezikon të bëhet privilegj i të pasurve dhe kishë për fabrikimin e dogmave të tregut: arkitektura po reduktohet në arredim, shkencat sociale në administrim, artet në kitch televiziv, ekonomia në marketing, gazetaria në public relationship, inxhinieritë në shërbim të shkatërrimit të natyrës etj. Ne duhet ta mbrojmë universitetin në tri rrafshe: një, ta mbrojmë kundër shkurtimit të shpenzimeve publike për edukimin ; dy, ta mbrojmë nga komercalizimi i kurrikulës ; tre, ta mbrojmë nga një burokraci e brendshme idiote dhe eunuke. Por lufta nuk duhet të izolohet brenda universitetit, ajo duhet të koordinohet edhe me rezistencën jashtë universitetit. Ne duhet të mbrojmë fort idenë e universitetit si një hapësirë për zhvillim jo veç professional, por edhe intelektual e jetësor dhe kjo nuk mund të ndodhe veç në suazat e arsimit. Sepse nuk duam kurrësesi të jemi ata priftërinjtë që polemizojnë mbi seksin e ëngjëjve ndërkohë që shoqëria digjet. Po kështu, mbrojtja e të drejtës për arsim, ka të bëjë thelbësisht edhe me rininë, kohën e lirë që ne si njerëz kemi në dispozicion për vetëformim. Sistemi po ngulmon ta gllabërojë idenë e rinisë. Ai do të na flakë sa më shpejt në xhunglën e tregut të punës. Por sic thotë Pasolini, ne duam të mbesim të rinj, të shpenguar, me ëndrra, jo kaq serioze që tani.”

N. S. Publiku akademik vonohet me akumulimin fillestar të kapitalit pas viteve 1990. (This sentence is not very clear) Si mund të ndërtojnë studentët besim të ndërsjellë dhe narracione të majta dhe internacionalizëm përballë një shtresimi të tillë klase?

K. L. Për të rinjtë e sotëm, e majta nuk është vetëm një dëshirë filozofike, por nevojë dhe domosdoshmëri e kushtëzuar nga rrethanat sociale. Kudo në Ballkan por edhe në Evropë dhe më tej, me mijëra të rinj të mirarsimuar po flaken në punë të paqëndrueshme, të keqpaguara dhe pa perspektivë profesionale. Shto këtu që e drejta për t’u arsimuar, një e drejtë kaq e rëndësishme për fëmijët e klasës punëtore dhe shtresave të mesme të ulëta, po rrënohet me shpejtësi nga reformat neoliberale. Me pak fjalë, ashensori social ka ngecur dhe gjasat që ai të lëvizë përsëri nga poshtë lart, në kuptimin e karrierës dhe të mirëqenies materiale, janë fare të vogla. Kësisoj, e majta nuk është vetëm dëshirë, ajo tani po bëhet detyrë. Këta të rinj të arsimuar nuk kanë rrugë tjetër përveç kryengritjes dhe të bërit intelektualë radikalë, intelektualë që edukojnë dhe organizojnë popullin për rebelim. Përndryshe, të gjithëve na pret emigrimi masiv dhe dëshpërimi.

N. S. Studentët nga Ballkani nuk janë aspak të bashkuar. Si të fillojmë ndërtimin e besimit të ndërsjellë midis shqiptarëve, maqedonasve, serbëve, grekëve?

K. L. Për fat të keq, të rinjtë e Ballkanit vazhdojnë të trashëgojnë traumat e të kaluarës – ato të luftërave ballkanike dhe rënies së Jugosllavisë – dhe këto trauma, të cilat vazhdojnë të ushqehen në shkolla, kisha, gazeta, parlamente, qeveri, reparte ushtarake dhe akademi shkencash, vështirë se mund të kapërcehen me ëorkshope ojëqëiste (ngo-iste) ose guida turistike. Ajo çka mund t’i kapërcejë këto mosmarrëveshje është vetëm rruga politike, fuqizimi i ideve dhe politikës së majtë kudo në Ballkan. Janë idetë dhe solidariteti ato që mund të na bashkojnë, lufta kundër shtetit kapitalist, religjioz, militarist. Veç në pozitat e së majtës parimore ne mund t’i diskutojmë mosmarrëveshjet, traumat dhe keqkuptimet tona, e për pasojë, t’i kapërcejmë ato. Çdo rrugë tjetër më duket e pamundur.

N. S. Ka një rezistencë të madhe për të mësuar gjuhën e tjetrit. Atëherë si do ta njohim tjetrin? Si të pranojmë idenë e mësimit të gjuhëve ballkanike në mënyrë që të kuptojmë më mirë njëri-tjetrin?

K. L. Të gjitha gjuhët janë të bukura dhe sipas mundësive ne duhet t’i përvetësojmë ato. Megjithatë, kuptimi i njëri – tjetrit nuk mbetet veç në rrafshin e gjuhës së folur. Në krye të herës, ne duhet të zbulojmë kulturën e njëri – tjetrit, këngët dhe letërsinë e shkruar, filozofinë dhe artin pamor, pra atë kulturë që është demokratike dhe progresive. Kështu mund t’i afrohemi më tepër njëri – tjetrit. Unë në shkollë kam lexuar Balzakun, Hygoin, Lorkën, Servantesin, Petrarkën, G.G.Markezin, Tolstoin dhe vetëdija jonë, me arsyetimet e saj, kujtesën dhe poetikën, përveçse shqiptare, është edhe italiane, spanjolle, franceze, ruse etj. Kështu, kur unë lexoj Safon, Eskilin, Euripidin, Kavafin, Kazanxaqis, Ricos, Livadhitis, unë ndihem grek, sepse këtu greku nuk është simbol i një lokaliteti të vogël etnik, por përfaqësues i tërë njerëzimit, intelektit dhe zemrës se tij, pra është përkatësi universale. Kështu kur lexoj edhe « Tregimet e Sarajevës » të Danilo Kish, « Letrat shqiptare » të Dimitri Tucoviq, « Tespihet prej fosfori » të Jovan Nikolaidis. Përmes letërsisë, ne mundemi të kuptojmë popujt fqinjë, të metat dhe virtytet e tyre dhe t’i bëjmë pjesë tonën.

N. S. Punëtorët nuk kanë atdhe – është një slogan socialist. Si mund studentët që janë punëtorë të ardhshëm të fillojnë ndërtimin e një komuniteti që do të rezultojë me ndryshime më të mëdha në Ballkan?

K. L. “Punëtorët jane të paatdhe” duhet ta kuptojmë në tri mënyra. Së pari, ngaqë revanshi agresiv i kapitalit në të gjithë sektorët e jetës e ka zhveshur njeriun prej bashkësisë, prej pronës, prej përkatësisë. Atdheun, pra qytetet e tij, bukuritë natyrore, gërmadhat arkeologjike, mund t’i shijojë më tepër një turist amerikan, se shqiptari i thjeshtë. Qytetari i thjesht shqiptar, ai që jeton me pak dollarë në ditë, nuk mundet të shijojë as bukuritë joniane të bregdetit, as gërmadhat e botës greko-romake, as qytetet muze të Shqiperisë. Sipas një përllogaritje, rreth 70% e qytetarëve tanë nuk mund të shkojnë me pushime në vendin e tyre, ndërkohë që ethet turistike kanë sëmurur republikën. Së dyti, punëtorët nuk kanë atdhe në kuptimin e agresionit, luftës, shovinizmit që klasat në fuqi dëshirojnë të nxisin midis popujve në konfliktin e tyre për tregje, gaz, naftë, territore etj. Një punëtor shqiptar është më i ngjashëm me një punëtori boshnjak ose maqedonas se me një oligark shqiptar. Për këtë të fundit, njeriu dhe atdheu janë vetëm mundësi biznesi, asgjë më shumë. Së treti, për punëtorët dhe një popull progresiv, atdheu nuk duhet të jetë nje koncept thjesht fizik, një thelë toke, një shprehje gjeografike, por mbi të gjitha një koncept, koncepti i drejtësisë, i demokracisë, i jetës së njerëzishme.

N. S. Kultura është krijim. Si të krijojmë vlera, por edhe të mira materiale që do të përmirësojnë jetën e individit, veçanërisht jetën e të shtypurve?

K. L. Mendoj se është e domosdoshme të rishpikim një grusht konceptesh të lëna mënjanë si romantike ose si arkaike, për shembull konceptin e lumturisë, të cilën Saint Just dhe Robespier pretendonin se ishte e re për Evropën, konceptin e demokracisë si pjesëmarrje radikale në punët publike, konceptin e të jetuarit në kolektivitet, konceptin e një qyteti të tipit të ri, që nuk është fjetore dhe mensë, por polis ku shprehim gjithë dashurinë dhe liritë tona. Po kështu, meqë shumica dërrmuese e artistëve dhe intelektualëve është konformuar dhe janë bërë teknicienë të sistemit, ne na bie barra e t’u bërit edhe poetë, edhe regjisorë, edhe muzikantë, edhe intelektualë. Pra, ne duhet të eksplorojmë të gjitha format dhe mundësitë që mund të ngrenë vetëdijen e njerëzve prej padijes dhe dëshpërimit. Kultura, për të shtypurit, është mburojë dhe shpatë lufte, jo kopshtije për t’u lazdruar.

N. S. Disa thonë se dashuria u shpik nga komunistët, ndërsa të tjerë thonë se ajo buronte nga aristokracia. Çfarë është dashuria dhe si ta shprehim atë në shqip në mënyrë që maqedonasit të mund ta kuptojnë?

K. L. Po, dashuria me gjasë ka qenë shpikje e komunistëve që njerëzit të bënin seks pa paguar para. Bëj shaka! E sigurtë është që aristrokratët dhe borgjezët nuk kanë ditur të dashuronin. Lexoni Ema Bovarinë. I shoqi, Sharli, një borgjez i vogël, mjek province, shpërfillës, i ftohtë, i përkushtuar pas profesionit, e shpie të shoqen në dëshpërim. Ose Franceska, personazhe të Dantes, që vuan në ferr në trupin e një fluture së bashku me të dashurin e saj, ngaqë i shoqi, tregtar borgjez, me siguri e ka blerë për një grusht para. Për borgjezin, gruaja është pronë e patundshme, asgjë më shumë. Aristokracia ndërkohë, është edhe më skandaloze, me ato gratë e vogla të ngjeshura në korse dhe martesa me strategji, ose zdërhallje seksuale pa asnjë ndjesi dashurie në të. Në fund, si borgjezia dhe si aristokracia i shtypin me dhunë rrugëdaljet e dashurisë, atje mbylljet janë goxha dramatike, thjesht kujto Romeon dhe Zhuljetën, Ana Kareninën, Ema Bovarinë dhe një armatë grashëvo të vdekura o të çmendura. Jam i mendimit se dashuria është e mundur vetëm në një botë të socializmit demokratik, ku puna e rëndë, paga e ulët, këstet bankare, qeratë, kultura kapitaliste e konsumit dhe shëndeti i rrënuar mendor nuk do të ekzistojnë në këto përmasa. Këto fenomene e vështirësojnë goxha dashurinë nën regjimin kapitalist, sado e fortë qoftë ajo. Prandaj, nëse dashurinë nuk e shpikën komunistët, por njerëzit e thjeshtë, komunistëve u duhet ta rishpikin atë, siç edhe vetveten. Fundja, gjithçka duhet rishpikur.

Fotografia: Loreta Cuka

Përkëtheu: Xhejlan Veliu

|2020-10-01T08:04:23+00:001 октомври 2020|Актуелно, Култура, Свет|